Тодоров презентираше повеќе проекти за Куманово и Старо Нагоричане

Носителот во втората изборна единица од коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО ДПМНЕ, Никола Тодоров денеска презентираше дел од проектите опфатени во програмата „Реално“, за која рече дека е најобемна и најкавлитетна програма презентирана на македонската политичка сцена и која нуди проекти и решенија.Проектите кои ги презентираше Тодоров, се однесуваат на општините Куманово и Старо Нагориачне. Меѓу нив и проектот рурални развојни зони, со кој како што рече тој, се поттикнува  економскиот и општествениот развој на руралните средини, при што се предвидени даночни олеснувања и финансиска помош за лицата кои се заинтересирани да отворат бизнис во рурални подрачја.
Посочи дека ќе бидат поддржани инвестиции во индустрсики капацитети, откупно дистрибутивни центри, хотели со мимимум 20 соби, пензионерски домови, спа центри, болници и спортско рекреативни центри, при што инвестотирите ќе имаат обврска да вработет 80 проценти нововработени лица.
Инвестиститорите, рече Тодоров ќе добијат олеснувања, ослободувања на данок на добивка 10 години, персонален данок за вработени, за доход на вработени за десет години,ослободување од надомест за уредување на градежно земјиште, комуналии, продлажба на државно неизградено земјиште за почетна цена од едно евро за метар квадтарен, финансиска поддршка во висина од 20 проценти, но најмногу до 500.000 евра, како и низа други ослободувања, грантови за креирање на работни места од 2000 евра за невработено лице ,4000 за вработување стечаен работник, условите од „Македонија вработува 2“ и низа други олеснувања. Нагласи дека е крупен проект со кој се овозможуваат вработувања и унапредување на овие подрачја, што ќе овозможи заживување на селата.
Тодоров промовираше уште еден крупен проект значаен за Куманово за „Рестартирање на стопанските капацитети-жртви на транзицијата“.
– Градот Куманово е најеклатантниот пример за голем број фирми кои пропаднаа за време на болната, лошата и тешка тразниција која што беше спроведена од старна нашиот политички ривал, од страна на СДСМ. Во овој период Владата предводена од СДСМ затвори и уништи многу компании, компании кои што долго време работеа и кои што беа движечка економска сила на повеќето градови во Македонија, рече Тодоров.
Додаде дека огромен број луѓе останаа без работа, губејќи ги најдобрите години, станувајќуи стечајци, луѓе кои  беа оставени сами да се снаоѓаат во тешко време без никаква поддршка од државата.
Проектот кој е превиден во програма е капитален и ги опфаќа кумановските  фирми „Кожара “, „Тутунски“, „Жито-мел“, „Кланица“ и „Ладилник“, „Сточарска фарма“, „Кен“, „ Жито Нама“ Куманово и Свети Николе, „Дс Искра“ и ДС Фудс“.
Со овој проект, како што објасни Тодоров, на инвеститорите им се нуди државна помош со цел креирање на работни места со посебен акцент на ангажман на поранешните вработени-стечајците. Владата ќе понуди 2000 евра за ново работно место, а 4000 евра за стечајците и услов за задржуаваење на работа 5 години, грант од 10 проценти од вкупна инвестирана вредност, но не повеќе од 500.000 евра, ослободувања од плаќања на данок на добивка, на персоналец, обуки, преквалификации и други мерки. Пакетот ќе важи ако инвеститорите досатават проект одобрен од Комисија за заштита на конкуренцијата и Владата.
– Ова се капитални проекти, од историско значење за Куманово и околината. Со овие проекти ќе ги надоместиме сите неправди кои им беа нанесени на жителите на Куманово и ќе овозможиме Куманово да се движи напред по патот на напредокот, рече Тодоров.
Тој наведе и проекти од областа на здравството, меѓу кои за набавка на 157 апарати за болницата и здравствениот дом Куманово, за кој рече дека ќе бидат одвоени над 900.000 евра, нов ургентно-хируршки центар инвестиција вредна 50 милиони денари, центар за рехабилитациона медицина во кумановска болница, по пример на центарот за физикална медицина и хидротерапија од “8 септември“.
Посочи дека е предвидена рехабилитација на автопатската делница Куманово-Миладиновци, реконструкција и изградба на локални патишта, помеѓу повеќе населени места во Куманово и Старо Нагоричане. Во програмата предвидена е и реконструкција на основни училишта во урбаните и руралните подрачја, изградба на градинки во Куманово и во Младо Нагоричане.
Тој ги наведе и проектите „Купи куќа за млади“ со двата модели и крупниот проект „Од град во село, за нов почеток“.
– Покрај овие конкретни проекти,сакам да истакнам дека продолжуваме со мерките за унапредување на живтониот стандард на граѓаните. Она што е многу значајно е да се потенцира дека во новата програма предвидуваме отварање на дополнителни 70.000 нови работни места за период од четири години и намалување на стапката на  невработеност од постојните 24 проценти на 18 проценти, зголемување на платите во јавниот сектор за вкупно 10,25 проценти, како и зголемување на пензиите за 10,25 проценти од кои 5 отсто со исплата на пензијата во септеври 2018 и 5 проценти со исплата на пензијата во септември 2020, рече Тодоров.
Нагласи дека во перидот од 2017-2020 година, 600 милиони евра ќе бидат наменети за развој на земјоделството и руралните средини и дека се наменети за конкретни проекти, со конкретни буџети и рокови за реализација на исти начин како што тоа го превеле во изминатиот период.
– Со програмата се обврзуваме по дадената довреба од граѓаните  на 11 декември ќе работиме напорно, макотрпно и посветено за напредок и за подобар живот на сите граѓани во Македонија, рече Тодоров.Проектите кои ги презентираше Тодоров, се однесуваат на општините Куманово и Старо Нагориачне. Меѓу нив и проектот рурални развојни зони, со кој ка

Пронајдете не на следниве мрежи: