Околу 500 косовски полицајци ќе бидат ангажирани во северниот дел на Косово, каде за првпат денеска ќе се одржат парламентарни избори.Регионалниот шеф на Косовската полиција, Жељко Бојиќ истакна дека регионалната косовска полиција „Митровица-Север“ изработила оперативен план со кој е предвидено ангажирање на околу 476 полициски службеници за време на парламентарните избори.
– Во близина на секое гласачко место ќе бидат ангажирани голем број полициски службеници, кои ќе имаат за цел да се грижат за безбедноста на сите граѓани. Освен тоа ќе биде зголемен и бројот на пешачки и мобилни патроли, рече Бојиќ.
За безбедноста на парламентарните избори во Косово ќе бидат ангажирани и ЕУЛЕКС и војниците на КФОР.Регионалниот шеф на Косовската полиција, Жељко Бојиќ истакна дека регионалната косовска полиција „Митровица-Север“