Претседателот на СДСМ Зоран Заев го откри целото сценарио со изјавите дадени за кантонизација и двојазичност на Македонија. Веќе и повеќе од јасно е што се крие и која е целта зад две годишната криза и лажните бомби кои имаа за цел да ги закрват Македонците меѓу себе за полесна поделба на државата, пишува Курир.Планот на Заев има неколку фази и според истиот предвидена е најпрво двојазичност на територија на Република Македонија, па кантонизација и најпосле отцепување на делови преку локални референдуми на 6-те кантони кои би се формирале и нивно припојување кон соседни држави.
За исполнување на сценариото Заев одамна дал „беса“ на албанските радикали, но и на сите албански политички фактори во земјата. Според ветувањето на Заев, идната федерализација или кантонизација на државата, за чиешто име дополнително ќе се одредува судбината, има три фази, кои етапно ќе се воведуваат во следните неколку години.
Не може сите да бидат лоши околу нас, а ние да сме најдобрите. Ако сите се скарани со Македонија, проблемот е во Македонија. Јас сум истиот Зоран Заев, кој што ја отвори јавно употребата на јазиците во Македонија и еднаквоста и рамноправноста во државата, се последно искажаните во низата стандалозни изјави од страна на Заев, овој пат пред Албанците во Швајцарија.
Тој ја обвини македонската власт дека таа била одговорна за лошите односи на Македонија со соседите, нагласувајќи дека „проблемот е во Македонија“. Заев пред албанските иселеници отворено ја искритикува Македонија и застана во одбрана на Косово, Албанија, Грција, Бугарија и Србија. Нагласи дека не можело сите тие да не се во право, односно потенцираше дека грешката била во Македонија.
– И не може сите да бидат лоши околу нас, а ние да сме најдобрите. Ако сите се скарани со Македонија, проблемот е во Македонија, изјави Заев.
Заев и пред албанската дијаспора отворено говори за еднаквоста при употреба на јазиците, односно воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија.
-Јас сум истиот Зоран Заев, кој што ја отвори јавно употребата на јазиците во Македонија и еднаквоста и рамноправноста во државата. Јас сум истиот тој што го гледавте и по Фејсбук и по телевизии кој отвори штабови во Арачиново и Чегране. Македонија ја замислувам, ако знаеме кинески, кинески да се разбереме, ако знаеме англиски, англиски да се разбереме, француски-француски, албански-албански, македонски-македонски, да се ослободиме, рече Заев.
Во своето обраќање Заев се осврна и на Охридскиот рамковен договор, за кој вели дека „мора да се оди преку него“ доколку сме верувале во „еднаквоста и рамноправноста“. Заев нагласи дека Рамковниот не бил доволен и требало да се напуштат рамките.
-Охридскиот рамковен договор не е договор. Мора да одиме преку Охридскиот рамковен договор, оти тој е рамка некоја. Зошто во 21- век, 25 години независна Македонија да има рамки на ограничување. Не, ќе веруваме во еднаквоста и рамноправноста и ќе му помогнам на мојот сограѓанин Албанец, вели Заев.
Заев со ова практично ги потврдува скандалозните изјави со кои најавува промена на Уставот за да ги исполни барањата на Албанците за двојазичност. Овие изјави се само чекори во обидот за спроведување на крајната цел која ја има Заев.
Граѓаните и преку социјалните мрежи и преку спроведените анкети на терен јасно кажуваат дека не прифаќаат никаква двојазичност во Македонија и сметаат дека Заев е подготвен да си ја продаде државата по цена да се намести во фотелја.Планот на Заев има неколку фази и според истиот предвидена е најпрво двојазичност на територија на Република Македонија, па кантонизација и најпосл