„Херојот од Обреновац“ е најобичен измамник

Слободан Недељковиќ (25) со назив Џамбо, се најде во центарот на вниманието во сите медиуми од регионот со неговата приказна дека за време на поплавите ги спасувал жителите на Обреновац, иако наводно ги загубил жената и двегодишниот син.Како што пренесуваат српските медиуми, Недељковиќ ширел лажни информации за неговиот живот и признал дека лажел дека ги изгубил сопругата и детето во поплавите, со цел да добие куќа од државата. Досега тој има добиено 30.000 динари за помош, а се води истрага за да се утврди дали добил и други донации.
Имено, Џамбо немал ниту сопруга ниту дете. Покрај тоа, тој е осомничен и за кражби во поплавените куќи во кои имал пристап затоа што лажно се претставувал како спасувач.
Полицијата работи на разоткривање на случајот.Како што пренесуваат српските медиуми, Недељковиќ ширел лажни информации за неговиот живот и признал дека лажел дека ги изгубил сопругата и детето

Пронајдете не на следниве мрежи: