Политичката реторика, но и политичкото делување на Заев како да нема ниту долна граница, ниту плафон. Заев си го покажа своето вистинско лице, покажа дека не само што не ја сака сопствената држава, туку сака што е можно повеќе да и наштети предизборно на Република Македонија со цел на крај победничките партии после изборите да не можат да постигнат политички консензус околу највиталните прашања за политичкото уредување на државата политички прифатливи за сите, смета универзитетската професорка Тања Каракамишева- Јовановска.-Заев сака постизборно да им наштети на победничките партии кои ќе треба да ја договорат идната владина коалиција со цел да нема договор, за да на тој начин Заев повторно да се обиде да се наметне како главен фактор во надминувањето на новата политичка криза и можен учесник во некоја идна влада. Тоа е неговото сценарио. Но, од сценарио до реализација има голема разлика, вели Каракамишева- Јовановска.
Заев, нагласува таа, длабоко во себе е свесен дека е политички губитник. Неговата реторика сега е да и наштети на државата повеќе како одмазда кон македонските граѓани што не гласаат за него и да го казни Груевски ако тој пост-изборно нема да може да ги прифати политичките позиции што Заев им ги стави на тацна, им ги подари на албанските партии.
-За Заев не постои Устав, не важи Кривичниот законик, не важи ништо. Тешките изјави што Заев ги упати во јавноста се против интересите на РМ за кои, секако ќе мора да сноси кривична одговорност, но тие укажуваат дека Заев и СДСМдефинитивно забегаа, и делуваат антисистемски и антидржавно. За овој човек нема ништо свето, за него се е на политичка продажба само и само да дојде на власт иако знае дека власта му е недостижна. За Заев политиката почнува од него, и треба да работи за него. Не му се важни националните интереси ниту му се важни интересите на македонските граѓани. За него се треба да се стави на ревизија со што испраќа многу сериозен сигнал дека ниту еден акт во земјата нема тежина ниту значење, односно дека Република Македонија не е независна и самостојна држава со свој правен поредок, вели универзитетската професорка.
Таа потенцира дека неговото противуставно повикување на двојазичност на целата територија на државата, неговото клеветење дека Македонија е виновна за тоа што нема добри односи со соседите, неговата политичка халуцинација дека Рамковниот договор не е договор, иако е тој целосно преточен во Уставот, и дека треба да се оди над него со целосно редефинирање на државата се шизофрени тези кои мора да бидат предмет на судска постапка како изјави со кои Заев сторува неколку казниви дела.-Заев сака постизборно да им наштети на победничките партии кои ќе треба да ја договорат идната владина коалиција со цел да нема договор, за да на