„Кој и со што влегува во кампања?“ е темата на вечерашната емисија „Аргументи“ со Љубиша Николовски на програмата на ТВ НОВА.Филип Петровски и Рамадан Рамадани се гости во емисијата.
Петровски во дуелот со Рамадани го потсети дека наметнатата криза за спинување за девалвација на денарот нанесе штета на граѓаните, но за среќа беа разоткриени лагите на медиумите на СДСМ и нивните покровители спонзорирани од Сорос.
„Беа извлечени 100 милиони евра и беше направена штета од 5 милиони евра кај штедачите. Спиновите на телевизиите на брат му на Заев доведоа до директна штета“ – рече Петровски.
Ад-хок телото не ги анализира спиновите на медиумите на опозицијата и тоа тело не ги следи тие теливизии.
„Тоа тело е тело за цензура. Имате слободна на изразување во Америка, а во Македонија воведувате цензура и неслобода на говор, право на мислење, настав и велите дека тоа ќе доведе до демократија“ – вели Петровски и додава:
„Ова е трет обид да имаме избори поради притисок од странски претставници. Има инсталации по амбасади од домашен персонал кој главно е семејно врзан со СДСМ. Се креираше перцепција дека живееме полошо од Сирија. Но, бројките од април до сега не се во интерес на СДСМ туку се во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Но, долго време трае агонијата која му беше наметната на народот со сите лаги.“
Тој нагласи дека овој пат ќе имаме историски најмал број неопределени гласачи бидејќи се јасно поставени линиите и народот знае кој работи за доброто на државата.Филип Петровски и Рамадан Рамадани се гости во емисијата.
Петровски во дуелот со Рамадани го потсети дека наметнатата криза за спинување за