Преку зачестените прес конференции на техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски, коментираат нашите извори во министерството за труд и социјална, го прикрива несовесното работење и опструирањето на проектите во интерес на граѓаните, пишува НетПрес.
Најголем дел од критиките упатени кон техничката министерка за труд и социјална политика е дека и двата мандата ги посвети на кадрови разместувања и преместувања, пресметки со синдикатите внатре воминистерството, закочување на проекти, превземање на надлежностите на државниот секретар
Само за потсетување на јавноста медиумите информираа дека Ташевска Ременски го опструираше спроведување на крупни и значајни проекти на министерството како субвенционираното вработување на лица во социјален ризик, доделување на социјални станови на 76 семејства во социјален ризик, кочење на отворање на детски градинки, акцијата „Се грижиме за топол дом“ како и проектот за бесплатна рехабилитација и рекреација на деца со пречки во развојот во социјална установа за згрижување и рехабилитација на деца и младинци од 6 до 26 години и возрасни лица со телесен инвалидитет.
Бурна реакција предизвика и отпуштањето на Роми од Прифатниот центар Винојуг со кое беше загрозена егзистенцијата на 44 семејства.
Меѓутоа, според информациите до кои дојдовме, во десетте месеци министерување техничката министерка не ги извршувала своите примарни должности, како присуството на владините комисии и седници на Владата на Република Македонија.
Имено, од одржани 88 седници на комисии не присуствувала на 60. Во истиот период биле одржани 65 седници на Влада на Република Македонија но Ташевска Ременски не присуствувала на над 50.
Оттука се поставува прашањето како техничката министерка има увид за она што е во интерес на граѓаните и како ја контролира работата на министерството и спроведувањето на проектите?
Ова покажува немање иницијатива и непрофесионален однос кон работните обврски од страна на техничката министерка.Очигледно е дека таа е посветена на партиската агенда и пресметки со оние кои ги смета неподобни прекунаводното спроведување на надлежностите на технички министер делејќи наредби и опомени секојдневно.
Во пресрет на одржувањето на предвремените парламентарни избори, нашите извори велат дека министерството е претворено во втор прес центар на СДСМ.
Најголем дел од критиките упатени кон техничката министерка за труд и социјална политика е дека и двата мандата ги посвети на кадров