Нормално дека Заев мора да верува дека тоа му се победнички листи затоа што како поинаку би ги убедил граѓаните дека тие ќе бидат победници на изборите. Јас не го делам оптимизмот ниту на Заев ниту на раководството, ниту, па на сите луѓе кои се наоѓаат на листите затоа што прво сметам дека опозицијата ќе има дефинитивно проблем со добитните места. Гледам дека се зборува дека 5-тото и 6-тото место се добитни, тука не би одела со калкулации бидејќи на крајот граѓаните ќе одлучат кои се добитни, а кои се недобитни места. Ова го истакна професорката на правниот факултет, Тања Каракамишева при гостувањето во „Отвореното студио“ на ТВ Нова и додаде дека Социјалдемократскиот сојуз се одделува од старото членство кое и донесе најголем успех на партијата.
– Како генерална опсервација во однос на листите на СДСМ е дека Социјалдемократскиот сојуз дефинитивно се откачува од она старо членство кое што на некој начин беше најборбеното и донесе најголем можеби и успех на политичката партија, особено во периодот на Бранко Црвенковски. Голем број од тие членови кои беа најблиску до лидерот на СДСМ беа фактично и најборбените и оние кои што беа заложници за каузата на Социјалдемократскиот сојуз или за терање на социјалдемократската идеологија. Со доаѓањето на Заев на чело на партијата се промени многу во тој дел. Многу кадри коишто беа искусни, коишто беа претпознатливи за јавноста и кои на некој начин имаа свои вредности, преку своите кариери, тие луѓе некако се тргнати сосема на страна и Заев почна да игра со некои нови луѓе кои ги донесе од ваму, од таму, и почна да игра со нив, односно да креира политики со нив, рече Каракамишева.
Каракамишева смета дека Социјалдемократскиот сојуз ги губи своите најискрени поддржувачи кои во првите редови се бореа за партијата:
– Секој лидер, секоја политичка партија има легитимно право да одлучува кои луѓе ќе ги задржи и со кои луѓе ќе игра, кои луѓе ќе му бидат најблизок соработнички кадар на лидерот, но се добива впечаток дека СДСМ си ги губи своите најискрени поддржувачи, но и своите партиски војници коишто постојано беа на терен, постојано ги промовираа политиките на партијата и едноставно живееја со партијата. Колку и да сака лидерот на СДСМ сега да ги убедува дека тие не се заборавени, дека ќе бидат вратени во игра кога извршната власт ќе треба да се екипира, се добива впечаток дека лидерот на СДСМ ги пушти низ вода овие стари искусни кадри на Социјалдемократскиот сојуз и тука веќе е скршена вазната и не знам колку ќе може сега во однос на довербата помеѓу новото раководство и старото членство да се залепат работите и повторно да се тера како ништо да не било, смета Каракамишева.
Професорката на правниот факултет, Д-р Тања Каракамишева вчера (11-ти ноември) беше гостинка во „Отвореното студио“ со Бојана Димитријевска на Телевизија Нова. Ова го истакна професорката на правниот факултет, Тања Каракамишева при гостувањето во „Отвореното студио“ на ТВ Нова и додаде де