Членството во Европската Унија за Република Македонија останува приоритет и на тоа ќе бидеме силно фокусирани и во наредниот период, истакна премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев по средбата со евроамбасадорот Самуел Жбогар, кој му го предаде извештајот од ЕК за земјава.-Владата на Република Македонија се заблагодарува на Европската Комисија за Извештајот за 2016 година, ние ја цениме континуираната поддршка од комесарот Хан, од службите на комисијата која што ја имаме во целиот овој изминат период на патот кон нашето членство кон Европската Унија. Членството во Европската Унија за Република Македонија останува приоритет и на тоа ќе бидеме силно фокусирани и во наредниот период. Укажувањата и забелешките кои што се дел од извештајот ги сметаме како нов патоказ за нашите активности кои што треба да ги направиме дома во Република Македонија. Се надеваме дека со одржувањето на изборите со формирањето на политичката Влада, ЕУ агендата повторно ќе дојде на дневен ред, како еден од највисоките приоритети со многу посилен фокус од она што го имавме во изминатава година бидејќи оваа година беше година во која се соочувавме со големи политички предизвици, мигрантската криза, Владата функционираше во облик на техничка Влада за спроведување на изборите. И јас се надевам дека со реализација на последниот чекор од договорот помеѓу политичките партии, а тоа е одржувањето на изборите ќе создадеме услови за поголемо внимание на итните реформски приоритети кои што сметам дека Македонија ќе ја доближат до Европската Унија и понатака ќе ја внесат Република Македонија во ова членство со своите партнери од Европската Унија, истакна Димитриев.
Тој потенцира дека Владата и натаму останува фокусирана за реализација на позитивните насоки кои што се состојат во извештајот, меѓутоа и на забелешките и укажувањата.
И евроамбасадорот Жбогар го дели ставот дека Извештајот може да биде патоказ за институциите, за Парламентот и Владата по изборите и нејзините активности на европска агенда.
– Овде сум повеќе од два, два и пол месеци и со кого и да зборувам во земјата со сите политичари, но и неполитички личности, мислам дека европската агенда е приоритет на сите. Затоа мислам дека таа е нешто што ги обединува сите политички лидери, политички сили, сите луѓе во земјата, истакна евроамбасадорот.
Посочи дека Извештајот е искрен и оти има многу препораки кои можат да бидат искористен од институциите, кога се дискутура за реформите кои се очекуваат по изборите.
Според него, позитивно е што Комисијата повторно препорачува почеток на преговорите иако, како што рече, има одредени услови, прво добри избори, нешто што го очекува и ЕУ и граѓаните, и второ новата Влада и институциите искрено и темелно да работат на реформите.
– На изборите гледаме со надеж дека тие би можеле да бидат почеток на нов процес и овде внатре во земјата, но и нов процес во рамките на Европската унија, додаде Жбогар.
Тој ја искористи можноста во име на Унијата да и се заблагодари на Македонија за, како што рече, исклучително добрата соработка по прашањето на мигрантската криза, изразувајќи надеж за таква соработка и во иднина.-Владата на Република Македонија се заблагодарува на Европската Комисија за Извештајот за 2016 година, ние ја цениме континуираната поддршка од ком