Екс-координаторот на СДСМ Горан Сугарески денеска заминал среде состанок на Централниот комитет на СДСМ на кој биле затворани листите со кои СДСМ ќе се појави на изборите на 11-ти декември, дознаваме од извори во СДСМ.Покрај тоа што заминал среде состанок, Сугарески подоцна не се појавил ниту на конгресот на кој Заев, Шекеринска и останатите раководни лица на партијата на членството му понудија листи на кои нема 13 од 25-те пратеници кои во минатиот мандат ја водеа битката за СДСМ.
Покрај координаторот кој не е воопшто на листата на Заев и СДСМ, забележливо е отсуството и на Лидија Димова која беше задолжена за разноразни циркузи во Собранието и за злоупотреба на пратеничкиот имунитет шофирајќи го комбето на Платеничката револуција.
Сепак, се чини дека највидливиот револт околу листите на СДСМ е околу изоставувањето на екс-пратеничката Софија Куновска, која воедно беше и претседател на градската организација на СДСМ до попладнево. Незадоволна што нејзното име не е на листите кои ги скроиле Заев и партнерите, Куновска пред неколку часа ја достави својата оставка до раководството на партијата.
Незадоволството е забележливо и на социјалните мрежи каде активисти на шарената платеничка револуција исто така не го кријат разочарувањето што нивните имиња не се меѓу кандидатите на СДСМ кои ќе влезат во парламентот, иако Заев на големо ветуваше дека „прави пакт со граѓаните“ и ќе ги става на листа. Оваа реторика беше на сила додека се обидуваше Шарените платеници да ги претстави како граѓански сектор за да го подобри имиџот и рејтингот на партијата кај неопределените.
Ваквиот револт и нервоза кај сите во СДСМ е евидентен показател дека сите знаат каков ќе биде епилогот од изборите – ако СДСМ беше барем малку со идеја дека може да победи, немаше да има расправии бидејќи секој ќе можеше да најде место за себе во распределбата на власта.
Но кога знаеш дека одиш во сигурен пораз и дека пратеничкото место е единствено кое нуди имунитет и сигурна висока плата – и ќе ти го земе некој за кој Заев пресметал дека ќе му донесе повеќе поени – тогаш се случуваат работи како гореопишаните.Покрај тоа што заминал среде состанок, Сугарески подоцна не се појавил ниту на конгресот на кој Заев, Шекеринска и останатите раководни лица на пар