Вчера во 23:40 часот во ПС-Гостивар, Б.Р.(28) од Гостивар пријавил дека десет минути претходно на ул.„Ж.Брајкоски“ С. Д. од с.Жеровјане-Тетово, извршил грабнување на А.А.(23) од тетовско село.С.Д заедно со друго лице кое управувало патничко возило, под закана дека наводно има пиштол ја извлекол А.А од автомобил „Опел Астра“, во кое оштетената била со пријавителот, по што Б.Р се исплаши и побегнал, а С.Д. влегол во возилото ја удрил оштетената два пати со раката во пределот на лицето заканувајќи и се дека ќе ја однесе во шумата.
Во 23:50 часот во село Чајле од страна на патрола од полициски службеници пронајдени се С.Д. и А.А., по што С.Д. е приведен и задржан во ПС-Гостивар за понатамошна постапка.С.Д заедно со друго лице кое управувало патничко возило, под закана дека наводно има пиштол ја извлекол А.А од автомобил „Опел Астра“,