Веќе ги гледаме СДСМ како 10 години имаат полна уста зборови. Полна им е устата со зборовите- слобода и демократија, постојано зборуваат за слобода и демократија, а она што го прават и она што го практицираат е целосно спротивно, истакна Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ на средбата со граѓани во Неготино.-Сите граѓани на Македонија знаат дека СДСМ не може да донесе ни слобода, ни демократија, едноставно затоа што тоа го имаат граѓаните. Она што на граѓаните им е потребно се отворање на нови работни места, инвестиции во здравство, во образование, субвенции во земјоделие, патна инфраструктура, нови фабрики и вработувања, рече Тодоров.
Тоа е она, додаде Тодоров, што го разговараме со граѓаните- за реалните проблеми и потреби, за она што сме го постигнале во изминатите 10 години од аспект на 160.000 нови работни места кои се отворени, намалување на невработеноста, инвестициите кои сме ги имале во здравството, образованието, субвенциите во земјоделието, а исто така разговараме и за новите проекти кои ги имаме предвидено во нашата програма, која ќе биде најобемната и најквалитетната досега понудена на македонската политичка сцена.
-Програмата ќе биде фокусирана на реалните потреби на граѓаните. Програма која на 11 декември ќе ја добие поддршката на сите граѓани. Времето на СДСМ пополека, но сигурно им минува. На 11 декември ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари уште една силна победа во која граѓаните ќе им го покажат местото на СДСМ, подвлече тој.-Сите граѓани на Македонија знаат дека СДСМ не може да донесе ни слобода, ни демократија, едноставно затоа што тоа го имаат граѓаните. Она што на г