Фото: Англичанец земал слободни денови за да помогне на поплавените во Србија!

Едноставно неможев да седам со скрстени раце, па го замолив шефот да ми даде слободни денови за да можам да дојдам во Србија и да помогнам колку што можам, изјавил Англичанецот Џон Дод…Дод, како што истакнал, се заљубил во Србија веднаш откако за првпат ја посетил оваа земја во 2011 година.
– Во Белград за првпат дојдов сосема случајно. Со друштвото баравме евтини летови и така низ понудите ја забележавме и престолнината на Србија. Иако коментарите од наши блиски беа дека Србија не е меѓу најпосакуваните земји за патување, ние сепак се одлучивме да ја посетиме, рекол Џон.
Откако за првпат го посетил Белград и буквално се заљубил во него, ја посетил Србија уште најмалку пет пати.
Оттогаш Џон, кој како што изјавил за српски Курир, помалку го разбира српскиот јазик и редовно следел што се случува во земјата, па преку социјалните мрежи  дознал за трагедијата што ја зафатила Србија.
– Навистина сум му благодарен на шефот што ми овозможи да дојдам во Србија, дури се потруди да ми даде што повеќе слободни денови, посочил Џон, додавајќи дека со себе ја понел целата неопходна опрема за спасување,  гумени чизми, јажиња, опрема за планинарење и се што му паднало на памет дека би можело да помогне.
Приказната за него брзо се рашири низ социјалните мрежи, каде сите се вооодушевени од неговиот великодушен гест.
– За среќа најлошто помина. Сепак, разбрав дека бараат доброволци во Шабац па ќе се упатам таму веднаш по овој разговор, нагласил Џон за во изјавата за српски Курир.
Тој посочил дека е изненаден од големото внимание од страна на српските медиуми, бидејќи воопшто не очекувал такво нешто.
– Во секој случај пресреќен сум што можам да помогнам, заклучил Џон, додека ги завршувал последните подготовки за патувањето во Шабац.Дод, како што истакнал, се заљубил во Србија веднаш откако за првпат ја посетил оваа земја во 2011 година.
– Во Белград за првпат дојдов со

Пронајдете не на следниве мрежи: