Тодоров најави нова опрема вредна милион евра за Инфективна клиника со која ќе се реши децениски проблем

Од 11,5 милиони евра за опрема што ќе се набавува за кампусот клиники „Мајка Тереза“, eден милион евра ќе бидат наменети за набавка на апарати за Клиниката за инфективни болести.Ова го изјави вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, кој денеска беше во работна посета на Клиниката за инфективни болести каде се сретна со менаџментот на таа јавна здравствена установа. Особено значајно, посочи, е што тука ќе се набави нов мобилен рендген апарат.
– Со ова ќе се реши децениски проблем затоа што досега сите пациенти особено пациентите на интензивната нега кога имаа потреба од вакво снимање, а многу често има потреба од вакво снимање беа транспортирани од Инфективната клиника до Радиологија и назад. На тој начин се загрозува и пациентот, но и околината имајќи предвид дека станува збор за заразни болести, рече Тодоров.
– Со ова ќе им се помогне многу на пациентите, ќе се придонесе за многу подобар резултат од лекувањето, а ќе им се помогне и на докторите бидејќи на овој начин многу ќе се олесни нивната работа. Многу значајно е што ќе се набави еден апарат за молекуларна дијагностика со кој ќе се овозможи микробиолошките резултати наместо за два до три дена да се добиваат за еден час. Брзината тука е многу значајна и брзото дијагностицирање. Ова ќе помогне и на пациетите и на здравствените работници, рече Тодоров.
Потенцира дека ќе се набави и нов апарат за PSR дијагностика, кој ќе го замени стариот кој е 15 години, и ќе биде многу посовремен со повеќе можности.
– Ќе се набави и многу друга опрема која ќе биде ставена во функција на пациентите и на здравствените работници на Инфективната клиника, рече Тодоров и додаде дека со менаџментот на Клиниката разговарале за тоа како функционира Клиниката.
Поради сезона на грип, посочи, многу често во овој дел од годината Инфективната клиника има најголем обем на работа.
– Но, оваа Клиника и во текот на целата година има голем обем на работа кој постојано се зголемува. Ако споредиме со претходните години гледаме постојано и континуирано зголемување на бројот на пациенти кои се третирани на оваа клиника. Постојано расте бројот на пациенти кои се третирани во интензивната нега на Клиниката и со тоа оваа Клиника е еден од стожерите на македонското здравство затоа што оваа е врвна здравствена установа од областа на инфектологијата, рече Тодоров.
Појасни дека значајно е тоа што 26 здравствени работници од оваа Клиника веќе биле на едукација во странство и тоа во Јапонија, Германија, Италија, Турција, Словенија и Србија, во рамки на проектот на Министерството за здравство.
– Клиниката функционира добро. Задоволен сум од перформансите на Клиниката и сите здравствени работници кои секојдневно даваат се од себе да помогнат што е можно повеќе на што е можно поголем број пациенти и во делот на амбулантата, стационарот и интензивната нега. Тренд кон кој сака да оди Клиниката, за што ме информираше менаџментот, е што е можно поголем број пациенти да се третираат амбулантски односно со еднодневен третман, наместо да се хоспитализираат, истакна Тодоров.
Директорот на Клиниката за инфективни болести, Ѕвонко Миленковиќ рече дека Република Македонија веќе еден месец се наоѓа во сезона на грип, која ќе трае до 21 мај. Посочи дека се подготвени за интензивно следење на состојбата со грип.
– Бројот на пациенти кои одат со клиничка симптоматологија која наликува на грип е идентичен како и во текот на изминатиот месец, односно до овој момент нема зголемување на бројот на лицата во нашите амбуланти, ниту во хоспиталниот дел со клиничка слика која е во прилог на инфлуенца. Засега нема потврдени случаи, додаде Миленковиќ.Ова го изјави вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, кој денеска беше во работна посета на Клиниката за инфективни болести каде се с

Пронајдете не на следниве мрежи: