Со настапот на осуденото лице Слободан Богоевски и хорските полемики на сите аналитичари и експертски од штабот на СДСМ, веќе нема дилеми дека основната цел на Зоран Заев е да ги манипулира граѓаните и да ја дефокусира изборната кампања од економските теми и темите кои вистински ги засегаат граѓаните на теми кои се стари и по триесет години, теми кои на крајот на денот никому не му носат леб на маса, пишува „Курир“.Нема никаква случајност во тоа што Слободан Богоевски, матен лик, осуден на двегодишна затворска казна за криминал тежок стотици илјади евра, излегува со лаги и измислици токму на денот кога Република Македонија влегува меѓу 10-те најдобро рангирани земји во светот на извештајот „Дуинг Бизнис“ на Светската Банка. Преку осудениот Богоевски за кого никој не може да каже добар збор, Заев ја испраќа пораката дека граѓаните треба да се интересерираат за татко му, дедо му или прадедо му на Сашо Мијалков, а не за можностите за отворање нови работни места и подобрување на животниот стандард.
Зоран Заев е помирен со фактот дека СДСМ е инфериорен во однос на ВМРО ДПМНЕ кога се во прашање конструктивните политики и проекти во економијата, здравството, образованието, земјоделието, културата, па единствената сламка за спас ја гледа во наметнувањето на теми од типот „дали Никола Груевски има двојник кој ја води државата додека тој го крстари светот на јахта вредна 2 милијарди евра“, „дали Антонио Милошоски има куќа на месечината“, „Дали Никола Тодоров слетал во Монако со приватниот авион“ и слично.
ВМРО ДПМНЕ јасно кажа дека ќе тужи за сите клевети и нема да посветува внимание на ваквите глупости, фокусирајќи се на вистинските проблеми на граѓаните, но тоа не значи дека нема да гледаме црна кампања во деновите кои следат.
Тоа треба да се очекува и од претходните искуства бидејќи Богоевски, кој е осуден за „перење пари“ во полициската акција „Агент“ е само последниот во низата криминалци кои застанаа во кампањата на Заев.
За претходните избори кои Заев успеа да ги избегне, негова ударна тупаница беше Захир Бекири Чауш, криминалец, фалсификатор на лични исправи и глава на „Фабриката за афери“ на СДСМ. Тој преку блискиот неделникот Фокус требаше да исфабрикува наводен скандал за функционери од ВМРО-ДПМНЕ и да создаде слика за наводно штанцање на лажни лични карти за гласање, фабрикација која не успеја да ја протнат во јавноста поради навремената акција на МВР.
На последниот неуспешен марш организиран од СДСМ, во првиот ред еден до друг беа аболицираниот Зоран Заев, првообвинетиот во случајот „Пуч“ Зоран Верушевски и Биљана Апостолова, сопственичката на МИТ Универзитетот.
Претходно, еден од телохранителите на Заев нападна луѓе во Струмица, а полицијата распиша потерница и по Дејан Трајковски – Близнак, уште еден од плејадата насилници на СДСМ, кој се бара за убиство во обид.
На листата на криминалното друштво на Зоран Заев стојат и имињата на Харун Хаџибулиќ и Мирослав Ризински. И обајцата минатата година на митингот на СДСМ на 17-ти мај пред Владата на Република Македонија се наоѓаа во првите редови до Зоран Заев. Харун Хаџибулиќ беше осуден на 18 месеци затвор за помагање во убиството на Мирсад Криешторац кај Универзална сала во Скопје.
Ердоан Џаферовски, исто така близок на Зоран Заев, во Јуни оваа година, според МВР се обидел да го убие лицето С.З. (29) пукајќи кон него со огнено оружје, после тепачка меѓу две фамилии во селото Св. Петка, извести МВР. Убиецот во обид е член на СДСМ, редовен посетител на сите партиски митинзи, протести и други собири.
Мошне детална анализа за блискоста на СДСМ со криминогени структури од подземјето направи и новинарот Васко Ефтов, кој своевремено важеше за човек кој многу добро ги познава приликите во СДСМ. Ефтов во својата емисија од Јули оваа година на јавноста и обелодени имиња на неколку криминалци кои во минатото и сега се сериозни прекршители на законите како Иванчо Павловски, Андреа Митковски, Ивица Цветковски, Јовица Куковски, Борис Георгиевски, Фуад Шабановиќ.
Нема никаква случајност во тоа што Слободан Богоевски, матен лик, осуден на двегодишна затворска казна за криминал тежок стотици илјади евра, излег
Пронајдете не на следниве мрежи: