– Опозициските медиуми под директна контрола на СДСМ и Сорос денеска објавија резултати од испитувањето на јавносто мислење што ги спровела српската агенција „Фактор плус Адрија“ – пишува „Република“.Анкетата на српската компанија за маркетинг истражувања „Фактор плус адрија“ која прави испитувања на јавното мислење во земјите од југоисточна Европа, а е под директна контрола на српските продавачи на скапа магла кои се чести гости на „Павел Шатев“ и ја кројат стратегијата на СДСМ, покажала дека разлика во рејтинзите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ 4,2 отсто. Според нивната последна анкета ВМРО-ДПМНЕ има рејтинг од 28,1 отсто кај граѓаните, а СДСМ 23,9 отсто. Како неопределени се изјасниле 22,1 процент.
Она што паѓа во очи е што и непосредно пред изборите што требаше да се одржат во април, оваа агенција исто така спроведе истражување во Македонија. Во истражувањето на јавното мислење објавено во март стои дека „владејачката ВМРО-ДПМНЕ има предност од два отсто во однос на опозицискиот СДСМ“. На 23 март годинава опозициските медиуми објавија дека „Според резултатите од испитувањето, на следните избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 27,5 отсто од испитаниците, а за СДСМ, 25,2 отсто“.
Ова значи дека за седум месеци, од март до октомври, рејтингот на СДСМ паднал двојно во однос на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ дури и во нарачани анкети кај нерелевантни агенции за марење на јавното мислење. Се прашуваме каква ли ќе е разликата кога анкетата би ја спорвела македонска релевантна агенција за испитување на јавното мислење.
Причината за ова лежи во тоа што оваа српска агенција е блиска до агенцијата Рускин и Хант која што е компромитирана ПР-агенција која во српските медиуми се оценува како продавачи на скапа магла, и чии луѓе го советуваат и лидерот на опозицијата Зоран Заев. Дури и на ваквата штелувана анкета Зоран Заев и СДСМ губат односно ниту продавачите на скапа магла не може да го избегнат фактот дека Заев има очајно слаба поддршка од граѓаните.
Ова е директен доказ дека владее паника и безидејност во најголемата опозициска партија, која е повеќе од свесна дека и на овие избори, од кои не успеа да избега како и претходните двапати, во април и во јуни, ќе изгуби со понижувачка разлика.
„Република“ поеќепати досега објави дека белградска врска го советува лидерот на СДСМ. Според нашите сознанија повеќе месеци во редовни тајминзи, најмалку еднаш во две недели, тројца луѓе со џип со српски регистерски таблички доаѓаат во штабот на СДСМ на средба со раководството. Воедно, многу набрзо по објавувањето на оваа информација, екипата на „Република“ го „улови“ џипот како го напушта седиштето на СДСМ. Тоа се луѓето од белградската врска која на СДСМ и Заев им нуди помош во односите со јавноста и помагале во креирање на стратегиското дејствување.
август 2016
септември 2016
Анкетата на српската компанија за маркетинг истражувања „Фактор плус адрија“ која прави испитувања на јавното мислење во земјите од југ