Ова е една од вообичаените посети што ги вршиме како партија, не само пред избори и после избори, туку во континуитет и сме во постојан контакт со граѓаните околу нивните проблеми кои што ги тиштат во Република Македонија и тука во Вранештица и Кичево, изјави Цветко Грозданов член на ВМРО-ДПМНЕ.-Во Република Македонија СДСМ ги убедува граѓаните дека е многу подобро доколку тие дојдат на власт и дека ќе воведат двојазичност на целата територија во Македонија, но исто така дека е можна и федерализација на Република Македонија, па затоа сме тука да им кажеме на граѓаните кои се последиците доколку дојде до тоа. На почетокот со граѓаните разговаравме околу проектите кои ги нудиме, поточно проектите кои што сме ги спровеле во изминатиов период, а тоа се зголемувањето на пензиите и нивниот живот сега во споредба во минатото кога беа кратени нивните пензии. Исто така да се навратиме и на земјоделците и колку беше големината и процентот на субвенциите кои се издвојуваа во времето на СДСМ, а колку се субвенциите во овој временски период додека на чело на државата е ВМРО-ДПМНЕ истакна Грозданов.
Тој посочи и дека со граѓаните се разговарало за автопатот кој што поминува преку Кичево и за сите инфраструктурни проекти направени преку владата и министерството за транспорт и врски.
-Едно од најгорчливите прашања за нас сепак останува, заложбата на СДСМ за воведување на целосна двојазичност на целата територија на Република Македонија и отука произлегува дека ВМРО-ДПМНЕ ги замолува граѓаните на Македонија да го дадат своеволно својот глас онаму каде што ќе сметаат дека е потребно за подобра иднина, потенцираше Грозданов.-Во Република Македонија СДСМ ги убедува граѓаните дека е многу подобро доколку тие дојдат на власт и дека ќе воведат двојазичност на целата терито