Делев: ВМРО-ДПМНЕ е најголема и најодговорната партија која е секогаш блиска со граѓаните

Денес сум во посета на Росоман и на целиот регион, каде што имавме средба со граѓаните и поразговаравме на неколку теми, а посебно сме заинтересирани за последните случувања и околу политичката криза во Република Македонија, како и можните решенија, истакна денеска Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.-ВМРО-ДПМНЕ е најголема и најодговорната партија која е секогаш блиска со граѓаните која и понатаму ќе остане во контакт со граѓаните и ќе биде блиски до граѓаните. Целта на оваа посета е да видиме кои се проблемите на граѓаните, што би можеле да сториме во тој дел и во исто време да ја презентираме и новата програма која е една од најголемите и најобемна програма досега во историјата на Република Македонија, каде што сме концентрирани најмногу на економските реформи, инвестициите, како и отварање на нови работни места. Тоа врпочем го правевме во изминатите десет години, а ќе го правиме и во наредните години, ние не сакаме политички кризи, ние сакаме да ги решаваме проблемите на граѓаните, потенцираше Делов.
Тој вели и дека за жал опозицијата е партија која креира разни интриги, прави поделба во државата и наметнува некои решенија кои за нив се секако неприфатливи како што е јазикот.  И како одговорна партија тие нема да ги прифатат предлозите од опозицијата, вели Делев.-ВМРО-ДПМНЕ е најголема и најодговорната партија која е секогаш блиска со граѓаните која и понатаму ќе остане во контакт со граѓаните и ќе биде бли

Пронајдете не на следниве мрежи: