Припадниците на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) денес во касарната ,,Боро Менков“ во Куманово, со воена свеченост го прославија денот на единицата.На свеченоста покрај Министерот за одбрана Зоран Јолевски и Началникот на генералштабот на Армијата на Република Македонија генерал-потполковник Методија Величковски, присуствуваа и заменикот на НГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај, државниот секретар во МО Елизабета Чуповска Ристова, генерали на АРМ, команданти на единиците на АРМ и други гости од МО на РМ и ГШ на АРМ.
По краткиот историски осврт за значењето на овој ден командантот на ЗОК генерал мајор Васко Ѓурчиновски во својот говор пред присутните, го истакна придонесот на припадниците на АРМ во справување со современите предизвици и безбедносни закани.
Припадниците на ЗОК со максимална посветеност и одговорност, заедно со припадници на другите единици на АРМ, континуирано се ангажираат во извршување на доделените задачи во обезбедување и спречување на нелегално минување на јужната граница, како и во справување со последиците од природните катастрофи секогаш кога за тоа се јавува потреба.
На свеченоста по повод денот на единицата беа пофалени и наградени повеќе припадници на ЗОК за остварените резултати во работењето.
Со одлука на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, 17ти октомври е определен за ден на ЗОК, како спомен на одбележување согласно традициите на значајните историски настани врз кои се темелат традициите на АРМ.
На 17 октомври 1878 година во селото Кресна е формиран штабот на македонското (во македонската историографија познато и како кресненско) востание, ден кога кога воедно е кренато востанието.
Здружената оперативна команда, како команда од оперативно рамниште егзистира од почетокот на формирањето на АРМ како Армиски Корпус. Во 2000 година се трансформира во 1.Армиски Корпус, во 2002 година се преименува во команда на копнената војска, а од 2005 година се преструктуира според стандардите на НАТО во сегашниот назив.На свеченоста покрај Министерот за одбрана Зоран Јолевски и Началникот на генералштабот на Армијата на Република Македонија генерал-потполковник Ме