Додовска: Груевски сака стабилно мнозинство за соодветно спроведување на програмските цели

Она што во последно време го забележав, разликите меѓу двата политички блока, тоа е тоа, тука е состојбата речиси иста. Но има еден голем процент на неопределени гласачи за коишто до крај ќе се борат двата блока да ги приклонат кон својата страна, вели Иванка Додовска која гостуваше во попладневното Отворено студио на ТВ Нова со Билјана Василева Трендафилова.„Нормално е дека Груевски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ и како претендент на премиерската позиција сака да има стабилно мнозинство во парламентот на начин каков што го имаше и претходно, како би можел поадекватно да ги спроведе своите програмски цели“, коментира Додовска за изјавата на Никола Груевски дека е потребна победа со 63 пратеници на овие избори.
Дали тоа ќе се случи и како ќе се случи, вели Додовска, дека треба да почекаме да видиме.
„Во секој случај, цифрата е добро определена. Како секој добар математичар и статистичар и Груевски многу добро знае со какво мнозинство во парламентот ќе биде полесно да може да ги остварува оние работи коишто ги ветува пред граѓаните“, рече Додовска.„Нормално е дека Груевски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ и како претендент на премиерската позиција сака да има стабилно мнозинство во парламентот

Пронајдете не на следниве мрежи: