Обреновац: Заштитата на Термоелектраната е приоритет, евакуацијата продолжува!

Водата во Обреновац полека се повлекува, но се` уште некои делови од градот се наоѓаат под вода. Евакуацијата на населението продолжува.Полицијата уште од седум часот наутро не дозволува да се влезе во градот. Тука се жандармеријата, војската, руските спасувачи, членовите на горската служба.
– Во центарот на Обреновац секојдневно пристигнува помош во намирници, како и во заштита од поплавата. Евакуацијата трае од минута во минута. Гледаме што повеќе да му помогнеме на народот, изјави Александар Марсениќ.

Тој апелираше до граѓаните на Обреновац кои што останале во своите домови, да не излегуваат од куќите додека не пристигне помош за евакуација.
И екипите за дезинфекција се упатени на терен.
На прашањето каде ова утро има најмногу вода, Марсениќ одговори дека водата моментакно е во стагнација.
– Изминатата вечер го браневме Саемот, Макиш, Прогар…, Бранковиот мост, Газела. Очекуваме дека денес и вечерва се` ќе биде во ред, изјави тој.
Полицијата уште од седум часот наутро не дозволува да се влезе во градот. Тука се жандармеријата, војската, руските спасувачи, членовите на горскат

Пронајдете не на следниве мрежи: