среда, 25 ноември 2026
Најново

СДСМ се поигрува со јавноста со двојазичните табли

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

СДСМ го потценува целиот македонски народ, а особено си поигрува со своето членство.Откако на дело почна да ја применува најавата за целосна двојазичност ширум Македонија поставувајќи двојазични табли, партијата на Зоран Заев се соочува со револтот од страна на македонските граѓани. Затоа одлучи повторно да го излаже народот.
Денес од СДСМ испратија соопштение во кое пишуваат дека „натписот на партиски простории на СДСМ во Чаир е поставен без одлука на органите и телата на партијата“. Ова тврдење на СДСМ е целосна невистина.
Членовите на СДСМ биле прашани дали се согласуваат со одлуката за поставување на двојазични табли и одговориле потврдно, односно се согласиле.
Во решителноста на лидерот на СДСМ, Зоран Заев да ја направи Македонија двојазична кога ќе дојде на власт му се попречува фактот што убедливото мнозинство на македонски граѓани не се согласуваат со неговата идеја и на истата бескомпромисно се противат.

Откако на дело почна да ја применува најавата за целосна двојазичност ширум Македонија поставувајќи двојазични табли, партијата на Зоран Заев се со

Поврзани вести