Во првата половина од наредната година учениците од средните стручни училишта по првпат од постоењето ќе добијат стручни книги кои ќе бидат преземени од земјите кои имаат најдобри учебници за средно стручно образование, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по денешната посета на објектот во градба на Македонската филхармонија и реновираниот објект на Македонската опера и балет.– Во делот на средните стручни училишта пред неколку години детектиравме дека има потреба за побрза акција со која ќе се направи реформа и ќе се покријат со учебници сите предмети кои досега не биле покриени. Увидовме дека голем дел од предметите не биле покриени со учебници, а учениците учеле со диктирање на наставникот или од некои стари скрипти, изјави Груевски одговарајќи на прашање.
Тој посочи дека првично се направила голема реформа во средните стручни училишта и се модернизирале нивните наставни програми , а минатата недела, како што нагласи, се објави и конкурс за изработка на нови учебници кои ќе бидат преземени од најнапредните држави во делот на учебници за средно стручно образование.
Се надевам дека во првата половина на следната година сите средни стручни училишта ќе добијат нови учебници односно првпат ќе добијат учебници во делот на стручните предмети. Станува збор за 111 програми во кои ќе се инвестира, ќе се набават учебници, рече Груевски и додаде дека дури и во поранешна Југославија голем дел од средните стручни училишта немале учебници за сите предмети.
– Во делот на средните стручни училишта пред неколку години детектиравме дека има потреба за побрза акција со која ќе се направи реформа и ќе