Иванов ја посети „Алкалоид“

„Алкалоид AД“ Скопје претставува пример за успешна македонска компанија која задоволувајќи ги највисоките европски стандарди, со нивната посветеност и професионалност секојдневно се зацврстува како лидер во фармацевтската, хемиската и козметичката индустрија во Македонија.Ова го истакна претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој денеска беше во посета на компанијата за производство на лекови, преработка на билни суровини, производство на козметички и хемиски производи ,„Алкалоид АД“ Скопје по повод 80-годишнината од нејзиното основање.
Како што соопшти кабинетот на претседателот, упатувајќи честитки за големиот јубилеј, во разговорот со директорот на „Алкалоид АД“ Скопје, Живко Мукаетов, претседателот Иванов порача дека компанијата треба да ги искористи сите потенцијали за натамошен развој, напредок и уште подобри резултати на македонскиот и на светскиот пазар. За таа цел, државата, рече претседателот Иванов, и во иднина ќе настојува да ги подобрува севкупните услови за поттикнување на развојот на македонските компании.
Мукаетов, се додава, истакна дека оваа посета претставува огромна чест и значајно признание од страна на претседателот Иванов, за осумте децении неуморно истражување, развој, иновации и континуирани вложувања во алкалоидовата визија за поздрав живот.
– На средбата, Мукаетов ги претстави тековните бизнис планови и развојни цели на Компанијата во делот освојување нови пазари во светот, ставајќи акцент на генерациите Алкалоидовци, благодарение на чии несебични заложби „Алкалоид“ денес е една од најмодерните фармацевтски индустрии во Југоисточна Европа со над 1.600 вработени, 50.000 квадрати производни погони и пласмани во над 30 земји во светот, се наведува во сопштението.
Македонскиот претседател, се посочува, ја поздрави поддршката од страна на „Алкалоид АД“ Скопје на најразлични иницијативи и проекти во интерес на општеството, заедницата и особено поддршката кон младите во Македонија.
Претседателот Иванов во „Алкалоид AД“ Скопје го посети и се запозна со работата на новиот Центар за контрола на квалитет што беше пуштен во употреба оваа година.Ова го истакна претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој денеска беше во посета на компанијата за производство на лекови, преработка

Пронајдете не на следниве мрежи: