Непринципиелен е ставот на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, кој во две последователни интервјуа за грчки медиуми рече дека кумот го згрешил името на Македонија, возвраќа шефот на македонската дипломатија и вицепремиер Никола Попоски.„Покрај блискоста меѓу нашите две земји, ние очигледно делиме и кумство. Не може таму да направил добар избор, а кај нас, тој истиот кум да згрешил. И таму и ваму народот решава како се вика земјата. Ако сме се договориле дека либерална демократија е моделот по кој се водиме во овој дел од светот, не може да ги менуваме аршините зависно од тоа како ни одговара во моментот. За тоа има термин и се вика непринципиелност. Не е нешто ново. Но, за нас патот е трасиран: најблиска соработка и почитување на соседот и неговите чувства. Не очекуваме ништо помалку, ниту повеќе во обратна насока“, вели Попоски за Сител.
Инаку, Коѕијас вчера во интервју за грчкото Алфа радио, исто како и во интервјуто за Катимерини рече дека креирале мерки за градење доверба и дека ги смириле страстите, покажувајќи дека не држи вода ставот дека Грција сака Македонија да се распадне или дека не ја сака државата.
„Она што јас го велам е дека добро е оваа држава што постои, но има лош кум и тоа се гледа од нејзиното име“, изјави Коѕијас и додаде дека владата на Ципрас работи на решавање на отворените проблеми, а мерките за градење доверба со Македонија, се само еден од примерите за тоа.
Во меѓувреме Коѕијас отвори уште еден фронт, откако еврокомесарот за проширување Јоханес Хан најавил дијалог меѓу Албанија и Грција за прашањето на Чамите во оваа земја. Коѕијас испрати писмо до Хан, во кое по истиот терк на негирање на постоењето македонското малцинство наведува дека не постои никакво прашање за Чамите и тоа никогаш нема да се најде на агендата на грчко-албанските односи.
Коѕијас ја предупредува Европската комисија да не користи ревизионистички наратив, бидејќи може да го разгори иредентизмот во многу делови од Европа, за прашања што се затворени веднаш по Втората светска војна.„Покрај блискоста меѓу нашите две земји, ние очигледно делиме и кумство. Не може таму да направил добар избор, а кај нас, тој истиот кум да з