Над 2.000 работни места ќе се отворат за стручен кадар, негователки, готвачи кои ќе се ангажираат во градинките и кои ќе се грижат за растот, развојот, едукацијата на децата со отворањето на новите 140 градинки, истакна заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во денешното гостување во емисијата „Бројки“ на Радио Слободна Македонија.Спасов истакна дека so новиот проект со кој планирано е отворање на 140 детски градинки ќе се реши деценски проблем.
-Ако земеме во предвид дека во ’90-тите години воопштво не беше инвестирано, а до 2006 речиси ниту една градинка не беше изградена се соочуваме со проблем во Градот Скопје и другите градови, а се повеќе и во рураралните места каде се јавува потребата да се зголемува бројот на градинки. Со намалувањето на невработеноста се зголемува бројот на родители кои имаат потреба од нови капацитети за сместување на децата. Листи на чекање се големи и се одлучивме да промовираме и започнеме со реализација на овој голем проект. Со овој проект ќе се отворат нови 18.000 места за згрижување на децата, посочи Спасов.
Тој исткна дека одредени општини во однос на други имаат поголема потреба од отворање на нови градинки.
-Градинките ќе бидат распределени на цела територија на Република Македонија со фокус на главниот град, на секоја од општините особено каде има долги листи на чекање, како на пример Центар, Струмица, Куманово, Аеродором, Ѓорче Петров кои имаат најголеми листи на чекање. Во овие општини најбрзо ќе се започне со инвестиции, објасни Спасов.
Новите градинки се поделени во четири модели согласно потребите, односно градинки за згрижување на 50 дечиња, од 100 до 120 деца, од 200 до 250 и од 300 до 35 дечиња.Спасов истакна дека so новиот проект со кој планирано е отворање на 140 детски градинки ќе се реши деценски проблем.
-Ако земеме во предвид