Нова голема акција на органите на прогонот за расчистување и документирање на незаконитостите во високото образование.Врз основа на наредби од судија на претходна постапка обезбедени преку ОЈО скопје, во 08,00 часот пристапено е на три локации во Скопје и една во Македонски брод за обезбедување докази за незаконското работење на МИТ Универзитетот, дознава ТВ Нова од полициски извори.
Претресите се отпочнати подоцна заради присуство на адвокати и истите се во тек на вкупно четири локации, во седум места согласно наредбите.
При претрес на станот на сопственичката пронајдени се два индекса од кој еден е на турски студент запишан на дентална медицина, за што МИТ нема дозвола за работа. Во канцеларија на МИТ пронајдени се и списоци на студенти.
Моментално и УЈП има отворено налози за три фирми поврзани со МИТ и вршат проверка како и просветен инспекторат на две локации на МИТ.
Пронајдени се и каса прими – уплатите. Најдени се и договори за студирање за козметологија.
Врз основа на наредби од судија на претходна постапка обезбедени преку ОЈО скопје, во 08,00 часот пристапено е на три локации во Скопје и една во М