Со авион со меѓународно обезбедување денеска пет македонски државјани, меѓу кои една жена, се екстрадирани од Италија во Македонија, а се обвинети за џихадистичка пропаганда.Италијанската полиција во период од две години, собрала материјали и докази за тоа дека македонските државјани, кои живееле во областа Фриули-Венеција Џулија, повикувале на џихад и шахид (доброволна маченичка смрт преку самоубиствени напади), потоа славеле по повод нападите на ИД, а воспоставиле и врски со радикални имами на Балканот.
Италијанскиот министер за внатрешни работи Анџелино Алфано издал наредба за екстрадиција на македонските државјани.
– Нашата превентивна работа е од огромно значење за борбата против тероризмот. Ќе продолжиме во таа насока затоа што сметаме дека превенцијата е стратешки инструмент во напорите за намалување на ризичното ниво на тероризмот во Италија, иако нема земја со нула нивото на ризик, стои во соопштението објавено од италијанскиот министер, пренесе денеска бугарската новинаска агенција БТА.
Дополнително појаснување за настанот дале и претставници од обвинителството во Трст, според кои, петмината македонски државјани „одлучно ја поддржувале експанзијата на ИД и распространувањето на нејзината идеологија и категорично одбивале да се интегрираат во италијанското општество“.
Од почетокот на 2015 година од Италија има екстрадирано 121 исламски екстремисти.Италијанската полиција во период од две години, собрала материјали и докази за тоа дека македонските државјани, кои живееле во областа Фриули-Венец