Барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за одредување мерка притвор за едно од лицата опфатени со случајот „Трезор” е одбиено како неосновано, соопшти вечерва Основниот суд Скопје 1 – Скопје.- Судија на претходна постапка постапувајќи по предлогот за определување на мерка притвор поднесен од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), против едно лице опфатено во предметот на СЈО во јавноста познат како „Трезор“, донесе решение со кое предлогот се одбива како неоснован, се вели во соопштението од Основен суд Скопје.
Претходно, судот информираше дека Специјалното јавно обвинителство побарало изземање на судијата на претходна постапка кој постапува по предметот „Трезор“, по кое барање во рок од три дена треба да одлучи претседателот на Основниот суд Скопје 1 .
Во текот на денов во Основниот суд Скопје на сослушување треба да се појават четири осомничени лица од „Трезор“.
Предметот „Трезор“ се однесува на економски криминал за злоупотреба на средства од Буџетот на Република Македонија за што се осомничени три раководни лица во УБК и едно раководно лице во Министерството за внатрешни работи, во врска со набавка на електронско-комуникациска опрема и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија за потребите на 5-та управа при УБК.- Судија на претходна постапка постапувајќи по предлогот за определување на мерка притвор поднесен од страна на Јавното обвинителство за гонење на