Мерката за набавка на повеќе електрични автомобили ќе донесе лидерство во мерките во заштита на животната средина. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера промовираше две нови мерки кои се во насока на намалување на загадувањето на животната средина. Со првата мерка треба да се поттикне купувањето на електрични автомобили кои имаат нула загадување, преку низа поволности и бенефиции. Мерката ќе почне да се применува од следната година.За реализација на оваа мерка планирано е увозот на нови електрични возила да биде со нула проценти царина и без дополнителна акциза и при купувањето на вакви автомобили да се применува повластената даночна стапка од 5 проценти, наместо сегашните 18 проценти. Исто така, се планира Владата да дава субвенција за купување електрично возило и тоа од 3.500 евра за секое електрично возило чија набавна вредност е до 25.000 евра и субвенција од 5.000 евра за секое електрично возило чија набавна вредност е над 25.000 евра.
Според деканот на Машинскиот факултет, професор Д-р Атанас Кочов, Македонија навистина има потреба за што поскоро воведување на електрични возила од аспект на заштита на животната средина.
-Согласно истражувањата кои што досега беа направени во рамките на една докторска дезертација, покажа дека во Македонија навистина има потреба за што поскоро воведување на електрични возила од аспект на заштита на животната средина. Едниот сегмент е воведување на електричните возила, вториот сегмент е од истражувањата кои досега ги правевме е поставување на плински уред, односно замена на бензиските мотори со уреди кои што ќе бидат на плин. Се разбира дека сето тоа е неопходно поради повеќе сегменти. Прво, од општествено економски, социјален аспект, меѓутоа и она што е многу важно, за да имаме одржлив развој неопходно е да се посвети внимание и на воведувањето на електрични возила, вели Кочов.
Кочов додава дека и граѓаните треба што е можно повеќе да се посветат или на замена на тековните автомобили на бензиските мотори со плински уреди или пак да ги искористат субвенциите кои што ќе бидат дадени за да може да купат електрични возила.
Во период од 10 години електрични автомобили ќе бидат ослободени и од плаќање на патарина, бесплатно ќе паркираат на кој било јавен паркинг, ќе имаат бесплатна регистрација во делот за надомест за патишта и ќе има приоритет во движењето во сообраќајот, како и достапна инфраструктура за полнење.
– Со изменување на регулативата ќе овозможиме такси компаниите кои имаат само електрични компании да бидат ослободени од сите давачки кон градот што ги имаат останатите такси компании, како и да добијат неповратни 5.000 евра грант за секое ново електрично возило што ќе го набават. Полнењето со енергија за нив ќе биде бесплатно на сите државни паркиралишта во наредните 10 години. Паркиралиштата ќе бидат обврзни најмалку 5 отсто од достапните паркинг места да бидат за електрични возила и за нив да обезбедат приклучоци за полнење со енергија, истакна Груевски.
Покрај тоа, нагласи, секоја државна или општинска јавна институција и секое јавно претпријатие формирано од Владата или општините ќе биде обврзано при секоја јавна набавка на повеќе од три возила годишно најмалку половината да бидат електрични.
Со цел да се стимулира купувањето електрични автомобили предвидено е фазно да се обезбеди пристап до специјални полначи на енергија. Постојат брзи полначи на енергија кои целосно ја полнат батеријата на автомобилот за 20 минути и чинат околу 15.000 евра, бавни кои полнат за четири часа и чинат 1.000 евра и полнење преку обичен трифазен штекер со кој се неопходни осум часа за целосно да се наполни батеријата на автомобилот.
– Во 2017 година на бензинските пумпи на сите автопати и магистрални патишта во државата ќе има по најмалку еден брз полнач за електрични возила, во 2018 по најмалку два брзи полначи, во 2019 година на сите регионални патишта да има по најмалку еден полнач на секоја бензинска пумпа, а во 2020 година да има по најмалку еден брз полнач на секоја бензинска пумпа во земјава. Покрај тоа, обврска за вакви полначи ќе имаат сите хотели со четири и пет ѕвезди, а инвеститорите во новите згради ќе треба да обезбедат по еден трифазен приклучок во секоја гаража за полнењена возилата. Цената на потрошената електрична енергија за полнење ќе ја одредува Регулаторната комисија за енергетика, појасни Груевски.За реализација на оваа мерка планирано е увозот на нови електрични возила да биде со нула проценти царина и без дополнителна акциза и при купувањет
Пронајдете не на следниве мрежи: