Овој месец ќе биде малку поврнежлив на целата територија, освен во североисточниот и на северозападниот дел каде што не се очекуваат врнежи поголеми од просечните за тие региони.Во октомври нè очекуваат просечни температури 10-14 цтепени, но постои голема веројатност дека во врнежите на целата територија на Републиката ќе бидат под просечните вредности. Особени пониски количини на врнежи се очекуваат во западна Македонија.
Просечните вредности на температурата би требало да се задржат и во ноември 6-9 степени, а во западните планински делови се очекуваат пониски температури. Врнежите и во овој месец треба да бидат под просечните, освен во источна Македонија каде што треба да се постигнат просечните количини (50-100 мм).
Исто така постои веројатност во есенската сезона да се јават периоди со постудено и суво време, како и веројатност за изразени позитивни отстапувања од вообичаените средни вредности на температурата и врнежите.
Не се исклучува можноста дека кон крајот на септември и почетокот на октомври да имаме продолжеток на летото, потопол и сув период.
Според историските податоци со кои располага Управата за хидрометеоролошки работи за сезона есен регистрирана е апсолутната максимална температура 39,7 степени во Демир Капија на 5.9.2015 г., а апсолутно минимална температура измерена е -19,0 степени во Берово на 6.11.1995 г. Температурниот опсег на многугодишниот просек 1981-2010 г. за есентае од околу 8 степени во планинските предели до 16,9 степени измерени во Гевгелија. Врнежите во овој период биле од 127,0 мм измерени на метеоролошката станица во Штип до 326,6 мм во Лазарополе.Во октомври нè очекуваат просечни температури 10-14 цтепени, но постои голема веројатност дека во врнежите на целата територија на Република