Потврдена поддршката од САД за стратешките цели на Македонија

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, во Њујорк присуствуваше на приемот што за учесниците на 71. Генерално собрание на ОН го приреди американскиот претседател Барак Обама.Во краткиот неформален разговор меѓу македонскиот и американскиот претседател, како што соопшти кабинетот на Иванов, била потврдена поддршката на САД за реализирање на македонските стратешки цели, членството во НАТО и во ЕУ.
На приемите што, за шефовите на делегации кои учестуваат на 71. Генерално собрание на Обединетите нации, ги приредија американскиот претседател Обама и генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, претседателот Иванов имал неформални средби и со американскиот државен секретар Џон Кери, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, чешкиот претседател Милош Земан, претседавачот со босанското претседателство Бакир Изетбеговиќ, генералниот секретар на ОБСЕ Роберто Заниер, претседателот на 71. Генерално собрание Питер Томсон. На средбите било разговарано за актуелните состојби во Република Македонија, регионот на Југоисточна Европа од аспект на интеграциите, како и мигрантската и бегалска криза и безбедносните предизвици.
Претходно, претседателот Иванов остварил повеќе билатерални средби, меѓу кои со претседателите на Европскиот совет, на Полска, на Египет, со јорданскиот крал и со норвешкиот премиер.
На средбата со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, претседателот Иванов истакнал дека и покрај предизвиците со кои се соочува Унијата, како и самиот процес на проширување, на Република Македонија како и на целиот регион на Југоисточна Европа им е потребна забрзана интеграција во Европската унија, затоа што, како што оценил македонскиот претседател, тоа е најдобриот начин за целосно консолидирање на регионот, со што пак, ќе се консолидира и Европската унија.
Во овој контекст претседателот Иванов на средбата со претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, порачал дека е крајно време да се надмине статус-кво состојбата во однос на почетокот на пристапните преговори со Европската унија и во однос на членството во НАТО, како важен предуслов за трајна стабилност во регионот.
Во рамки на 71. Генерално собрание на Обединетите нации, претседателот Иванов учествуваше и се обрати на состанокот на високо ниво за големите движења на бегалци и мигранти. Во говорот претседателот Иванов порача дека Македонија во однос на бегалската и мигрантската криза ќе делува во насока на заштита на националната безбедност, а од Европската унија побара помош, со цел Македонија да може да и помогне на унијата.
Предвидено е претседателот Иванов доцна вечер по македонско време да се обрати на 71. Генерално собрание на Обединетите нации, а за време на собирот на светската организација, претседателот Иванов ќе се сретне и со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун.
Посетата на САД, по повод учеството на 71. Генерално собрание на Обединетите нации, претседателот Иванов ја започна со посета на македонската заедница во Сидер Гров, Њу Џерси.Во краткиот неформален разговор меѓу македонскиот и американскиот претседател, како што соопшти кабинетот на Иванов, била потврдена поддршката на С

Пронајдете не на следниве мрежи: