Десет приватни старски домови денеска добија грантови во висина од 750 илјади денари неповратни средства наменети за опрема и репроматеријали. На ваков начин, ќе се зголеми капацитетот за згрижување стари лица во приватни домови, ќе се обезбедат дополнителни работни места, а ќе се зголеми и конкуренцијата што треба да влијае и на подобрување на условите за згрижување.– Мерката Грант за основање приватен дом за стари лица со неповратни средства во износ од 750 илјади денари ја реализираме првпат годинава со цел да ги мотивираме инвеститорите да вложат во отворање вакви домови. Со тоа ќе се зголеми бројот на приватни домови за стари лица, ќе се зголеми капацитетот за згрижување на старите лица во Македонија, а и да влијаеме на зголемување на бројот на вработени во овој сектор, рече при доделувањето на грантовите дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов.
Информира дека десет приватни домови за стари лица ќе добијат неповратни средства во износ од 750 илјади денари за набавка на опрема и репроматеријали. Овие 10 приватни домови, рече Спасов, ќе отворат капацитет од околу 350 дополнителни легла за старите лица и над 100 работни места.
– Тоа е отприлика зголемување за околу 33 проценти на бројот на вработени во приватни домови за стари лица или пак, зголемување на над 40 проценти на капацитетите за згрижување стари лица во вакви домови, истакна тој.
Поради успешноста на мерката, додаде Спасов, се размислува таа да биде дел и од оперативниот план за активни мерки и политики за 2017 година.
Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски појасни дека во изминатиот период Агенцијата и МТСП заедно со основачите на овие нови капацитети за стари лица работеле на тоа да се комплетира документацијата и да се проверат условите во кои во иднина ќе бидат сместени старите лица, што резултирано со денешното доделување на грантовите од 750 илјади денари.
– Со ова не само што ќе се зголемат квалитетот и условите за згрижување на старите лица, туку и дополнително ќе се мотивираат и оние што планирале во иднина да отворат старски домови, да дојдат во АВРМ, и да поднесат апликација, рече Поповски додавајќи дека АВРМ им стои на располагање на идните работодавачи да ги користат и другите мерки за вработување и за оспособување на персонал.
Спасов пак, информира и дека се очекува финализирање и на реализацијата на мерката Грант за основање приватна градинка. Досега, рече тој, има околу седум апликанти, од кои најмалку пет се очекува да ги исполнат предвидените услови и да се заврши реализацијата на околу пет гранта за детски градинки.
Додаде дека постои уште слободен простор заинтересираните за оваа година да бидат финансирани за основање детска градинка да аплицираат во центрите за вработување при АВРМ и да искористат можноста за грант од 600 илјади денари.– Мерката Грант за основање приватен дом за стари лица со неповратни средства во износ од 750 илјади денари ја реализираме првпат годинава со