Ванковска: Јанева чита работи што мора да ги знае наизуст

Професорката Билјана Ванковска преку социјалните мрежи го искажа своето мислење по интервјуто на специјалната обвинителка Катица Јанева за МРТ. Ванковска интервјуто го оценува како скандалозно и смета дека Катица е доказ и за (не)квалитетот на Правниот факултет во Скопје и додава за општото добро, како што вели, да не ја пуштаат пред камери.-Кате Блажевска високо ја ценам – како светулка во темнината на медиумскиот простор, но овој пат не се сложувам со неа. Прво, Катица Јанева е многу повеќе од (специјална) обвинителка – таа, сакале да признаеме или не, доби и симболичка улога во смената на режимот и борбата за враќање на правдата, демократијата, и што ли уште не! Второ, за опстанокот на институцијата која ја води – слушнавме од лидерот на опозицијата (инаку човек против кого Катица води предмет и тврди дека има докази дека извршил тешко кривично дело) – се мобилизираат луѓе на протести, ставаат маици со нејзиниот лик и на нејзините две најдобри обвинителки. Катица се поврзува и преку медиумите и преку јавната дебата со политички земјотрес кој треба да каже „ќе не` биде или не“. Трето, вистинските судски процеси БАРААТ врвни оратори, тоа е поврзано со способноста да се презентираат доказите, да се увери судот во нивната основаност и поврзаност со наводите на обвинението. Не случајно современите студиски програми по право воведоа предмет (простете ако грешам за точниот назив) Реторика и ораторство, а од студентите (на сите три степена на образование) се очекува елоквенција и способност да направат усна и јавна презентација за да добијат високи оценки. Интервјуто беше скандалозно за секој и просечно интелигентен човек, но високо професионално стокмено од екипата на МТВ – секогаш кога Кејти зборува, одат снимки на згради, ѕидови, луѓе во движење и што ли уште не – ама не и на најважната личност на изминатата година, бидејќи таа кутрата ЧИТА! ЧИТА за работи кои и среде ноќ да ја разбудат мора да „пее“, да ги знае наизуст! На крајот ќе бидам и помалку груба, ама секој професор низ годините развива способност веќе по првата минута-две од усмениот испит да оцени не само дали студентот научил или не, туку и колкави му се интелектуалните способности. Мојот став за оваа жена е ист како и пред една година: и тогаш и сега оценувам дека таа има интелектуална, ама и професионална инсуфициенција! За нејзина, а можеби и наша среќа, тука се две персони кои се во функција на ПР и таа работа ја вршат сјајно (иако и од нив се очекува во судница да бидат елоквентни, а не пред камери и амбасадори) – но и еден куп советници, од кои секој поединечно е подобар правник од нејзиниот тим. Катица е само уште еден доказ дека немаме мерит-систем, дека на круцијални позиции се доаѓа со се` ама не со ум и знаење, а дека вистински умните се во сенка и суфлираат. Катица е доказ и за (не)квалитетот на Правниот факултет во Скопје, моја alma mater 🙁 Нејсе! Си коментираме, но се сложувам дека она што на крајот ќе остане запомнето ќе бидат резултатите од работата на СЈО. Па, да почекаме и да видиме – а дотогаш, побогу, нека не ја пуштаат пред камери! За општо добро!, пишува професорката Ванковска на Фејсбук.
-Кате Блажевска високо ја ценам – како светулка во темнината на медиумскиот простор, но овој пат не се сложувам со неа. Прво, Катица Јанева е

Пронајдете не на следниве мрежи: