„Република Македонија веќе две години живее во една тешка политичка клима веќе е тоа мачно не само за граѓаните туку и за претпријатијата, за фирмите, за бизнис секторот“, изјави Љупчо Пренџов од ГРОМ во Отвореното студио на Телевизија Нова.Според Пренџов, сите прашања кои се отворија за време на кризата, за „украдените“ избори и гласови, пропаднаа.
„Тука пред сe мислам почетокот на оваа криза каде што таа започна со наводно украдени избори и наводно украдени стоте илјади гласови за власта во Р. Македонија, тоа прашање се пумпаше и имаше рок на употреба сѐ додека СДСМ не го доби МВР како министерство. Кога видоа дека тоа е лесно проверлив податок продолжија и повеќе не зборуваа“, вели Пренџов.
Пренџов додаде дека потоа беше отворено прашањето на фантомските гласачи кои од почетните 500 илјади дојдовме на бројка 19 000 фантоми и со новото проверување ќе паднат на 12 000 луѓе.
„Кога пропаднаа сите овие прашања, веќе се наѕираат изборите, тоа е добро за македонскиот народ. Се отворија нови тези за двојазичност и така натаму и мислам дека целото ова сценарио, кое што мое лично мислење не успеа, беше да се делигитимира волјата на големото мнозинство македонски граѓани и изборната волја и до 11 дек. Има уште 90 дена до тогаш јас мислам дека треба и мора да има избори во Македонија. Тоа им го должиме и на граѓаните и на сите жители во ова општество и конечно да видиме кој треба понатаму да ја води Македонија“, рече Пренџов.Според Пренџов, сите прашања кои се отворија за време на кризата, за „украдените“ избори и гласови, пропаднаа.
„Тука пред