Аналитичарот и директор на Државниот архив на Република Македонија, д-р Филип Петровски, гостуваше во емисијата „Пулт“ на Радио Слободна Македонија.Што по изборите? При гостувањето во РСМ, Петровски говореше за последиците на деструктивната политика на Зоран Заев, осврнувајќи се на фактот што и покрај неговите напори за додворување на алебанскиот електорат, ќе доживее дебакл на изборите закажани на 11 декември.
– Во албански средини тешко некој македонски кандидат ќе добие глас. Поминаа 2 години од уцената со бомбите Никола Груевски да си оди. Бомбите се неуспешни, нема промени во поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Понатаму, Заев нудеше погрешна перцепција врз американски искуства.
На прашањето од Арсова за нападите врз новинарите коишто не се истомисленици и не пишуваат позитивни текстови за деструкцијата на СДСМ, Петровски одговори:
– Тие сметаат дека мора да се воведе балсансирано известување на новинарите, но Македонија не е Америка. Овде се гласа по фамилијарен род. Една концепција е Коте од Руља (дали биле фанариоти или егзархисти), од друга страна имате вмровци – не во смисла на партијаши, туку на подземна република која ја создаде денешната држава. Никој од нашите семејства не може да биде Коте од Руља, тоа може да варира до апстиненција од гласање, но никако не може да се смени мислењето. Граѓаните веќе имаат свое мислење. Јасно е поделена сликата. Проблемот лежи во 500.000 луѓе, можеби и нешто повеќе. Тие се здрав столб со кој онаа подземна република создаде реална република, не се откажуваат пред закани и се спремни да ја бранат оваа тешко стекната слобода, не само со глас туку и со стас. Сите знаат што значи слободата на оваа држава и како е стекната. Ова е вкоренето во гените.Што по изборите? При гостувањето во РСМ, Петровски говореше за последиците на деструктивната политика на Зоран Заев, осврнувајќи се на фактот што и