Во врска со денешната изјава на дополнителниот заменик министер за земјоделство Љупчо Николовски, „Сите сточари до еден мора да бидат обештетени“, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заради објективност ја информира јавноста дека од добиточната болест јазлеста кожа угинати се околу 3.500 говеда или 1,6% од вкупниот број на говеда во Република Македонија.Проценетата вредност за обештетување на сточарите е околу 150 милиони денари кои се обезбедени од Агенцијата за храна и ветеринарство и до крајот на годината сточарите ќе бидат обештетени.
-Сакаме да ја потсетиме јавноста дека министерот Михаил Цветков и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски минатата недела учествуваа на министерската конференција за болеста јазлеста кожа која се одржа во Република Бугарија. На конференцијата организирана од Министерството за земјоделство и храна на Република Бугарија во соработка со Европската комисија, присуствуваа делегации од Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Македонија, Грција, Унгарија, Израел, Италија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Турција и од Украина, како и еврокомесарот за здравство и безбедност на храна, Витенис Андриукаитис. На оваа конференција беа донесени заклучоци кои практично Република Македонија ги има веќе спроведено, односно целосна вакцинација на добитокот и годишна ревакцинација до уништување на болеста. Од еврокомесарот за здравство и безбедност на храна добивме уверување дека ќе бидеме финансиски поддржани за досега преземените мерки, како и за идните мерки за искоренување на оваа болест. Исто така сакаме да ја информираме македонската јавност дека нема никаква опасност од консумирање на месо, млеко и нивни преработки добиени од вакцинирани животни, стои во реакцијата на МЗШВ.Проценетата вредност за обештетување на сточарите е околу 150 милиони денари кои се обезбедени од Агенцијата за храна и ветеринарство и до крајот н