Во министерството за труд и социјална политика со забрзано темпо и секојдневно се поништуваат овластувања на раководители на сектори и одделенија, се одзема нивното право за увид во службената документација за секторот/одделението кое го водат и според извори од министерството се крши Законот за административни службеници. Истите ингеренции се доделувале на вработени блиски до техничката министерка иако се со пониско звање. Вработени со искуство и кои се докажале во сопствената работа се маргинализираат.Сосемa слично како во првиот мандат на Фросина Ременски како технички министер за труд и социјална политика кога во министерството масовно и во многу брз временски рок се направија кадрови смени и разместувања според нашите информации истото се случувало и сега.
Иако никако не е поврзано со изборите и редовната техничка работа во министерството за труд и социјална политика, техничката министерка започнала со нов бран на одземање ингеренции и разрешувања.
Прва на удар се нашла Комисијата за лиценцирање на директори на установи за деца, стручни работници, стручни соработници, воспитувачи и негователи во системот на згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.
На само еден месец пред распуштање на Собранието на Република Македонија, за Ременски од приоритетна важност е да се одземат овластувањата на државните службеници. Најконтроверзна е одлуката да се одземе правото на раководители на сектори за увид во службена документација и тоа право да се додели на вработени со пониско звање но кои се блиски до техничката министерка.Taков е случајот со Секторот за политики од областа на трудово право и политики за вработување, Секторот за финансиски прашања а најтипичен е примерот со Секторот за правни, општи и нормативни и заеднички работи каде на раководителот на секторот согласност мора да му даде раководител на одделение во Секторот за социјална заштита. На тој начин директно државните службеници се попречуваат во извршување на нивните работни задачи и се деградираат. Поставувањето на лица кои треба да ги контролираат секторите се со пониски звања спротивно на утврдените звања и процедури во Законот за административни службеници.Вработените во министерството се жалат дека на дневна основа добиваат и по неколку наредби од кои некои се со многу кратки рокови за да ги исполнат барањата на техничката министерка. Тоа предизвикува дополнителен стрес и ја влошува и онака напнатата ситуација. Но секако останува нејасно зошто овие смени и разрешувања се важни за организирање на изборите и дали провокативно пак се крши Законот за Влада и Законот за административни службеници,кога воопшто не се поврзани со изборите?
Повиканите велат дека тоа е смислено сценарио за внесување на хаотична состојба во министерството пред распишување на изборите.
Сосемa слично како во првиот мандат на Фросина Ременски како технички министер за труд и социјална политика кога во министерството масовно и во мно