Сечејќи стебло, му експлодирала бомба

За среќа, Кристијан Блажевиќ (21) поминал без сериозни повреди.Додека бил кај баба му и дедо му на село (Рушево, Хрватска), Кристијан решил да отсече едно дебело стебло зад куќата не знаејќи дека во него има сокриена граната М-75.
Кога почнал да го сече стеблото, со моторната пила ја активирал гранатата. Експлозијата го исфрлила околу еден метар подалеку од стеблото, а неколку парчиња од бомбата му се забиле во левата нога.

 
За среќа, соседите ја слушнале експлозијата и веднаш притрчале да му помогнат на момчето. Кристијан вели дека имал среча, бидејќи стоел од страната на стеблото каде немало отвори, и дека порати дебелата кора на истото експлозијата била со помал интензитет.
Полицијата трага по човекот кој ја оставил бомбата во стеблото. Се верува дека бомбата е една од многуте заборавени бомби од времето на вооружениот конфликт помеѓу Хрватска и Србија пред 20тина години.Додека бил кај баба му и дедо му на село (Рушево, Хрватска), Кристијан решил да отсече едно дебело стебло зад куќата не знаејќи дека во него има со

Пронајдете не на следниве мрежи: