Во изминатите 25 години да се води бизнис во Македонија било предизвик, вели Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија која гостуваше во „Отвореното студио“ на ТВ Нова посветен на Денот на независноста и економските предизвици пред кои стоела земјата, но и самите бизнис состојби.-Оние кои успеале да опстојат до денеска се светли примери. Има многу вакви светли точки, но сведоци сме дека навистина било голем предизвик да се започне со бизнис во Македонија во изминатите 25 години. Инфлација, ембарго, криза, се дел од зборовите кои го опишуваат нашето 25 годишно постоење, вели Арсовска.
Таа додава дека реформите кои се спроведени се поздравени од бизнис секторот.
-Спроведените реформи се позитивни и имаме добри, позитивни резултати. Тие не се неоходни не само поради европските регулативи. Ние се покажавме како еден бренд дестинација за странски инвеститори, изјави Арсовска.-Оние кои успеале да опстојат до денеска се светли примери. Има многу вакви светли точки, но сведоци сме дека навистина било голем предизвик да се