Груевски во Германија со интензивна агенда: За три дена 15 средби со политичари, министри од владата на Меркел, државни секретари, пратеници од Бундестагот

Делегација на ВМРО – ДПМНЕ предводена од претседателот на партијата Никола Груевски во изминатите три дена оствари посета на Берлин, каде беа остварени повеќе средби со германски политички и стопански претставници. Груевски во интензивната агенда за три дена оствари 15 средби со политичари од различни партии, министри од федералната влада на канцеларката Ангела Меркел, пратеници од германскиот Бундестаг, државни секретари и креатори на надворешната германска политика.При посетата Груевски  оствари средби со Андреас Шојер, генерален секретар на Христијанско Социјална Унија (ЦСУ), сестринска партија на Христијанско Демократската Унија (ЦДУ) на канцеларката Меркел, министерот за економија Герт Милер, шефот на ЕПП Аксел Фишер, Франс Јозеф Јунг, пратеник во германскиот Бундестаг и поранешен федералан министер за одбрана, Ханс Петер Фридрих, одговорен за надворешна политика во пратеничката група на партијата на канцеларката Меркел, државниот секретар во германското министерство за надворешни работи Михаел Рот, федералниот министер за земјоделство и храна во сојузната влада на Меркел, Кристијан Шмит, вицеканцеларката на Баварија Илсе Ајгнер, Јурген Хард, одговорен за надворешна политика во владејачката коалиција ЦДУ/ЦСУ и за прашањата поврзани со НАТО, како и низа средби со германски политичари и стопанственици.
Според Груевски, целта на партиската посета е со германските домаќини да се разменат информации за состојбите во Република Македонија и да се продлабочат пријателските односи со Сојузна Република Германија.
– Во пресрет на изборите да ги објасниме сите работи коишто се случуваа во минатото, оние што се случуваат сега и оние што очекуваме да се случат во иднина во Македонија, пред се во правец на излез од политичката криза и во правец на организирањето на изборите, а секако и во правец на зајакнување на односите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и нашите сродни сестрински партии ЦДУ и ЦСУ, како и во еден поширок контекст на подобрување на односите помеѓу Германија и Македонија. Овие денови ќе имаме бројни средби за кои ќе информираме за состојбите во Македонија, за реформите кои се прават и оние коишто следуваат, за чекорите коишто треба да се случат за земјата да оди напред кон европските и евроатланските интеграции и кон сите оние значајни прашања што им се предмет на интерес, изјави Груевски по средбата во Бундестагот со Андреас Шојер.
 
Во понеделникот вечерта, делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ имаше работна вечера со петнаесетина германски политичари од најголемите германски партии и стопанственици.
На средбата учествуваа Волфганг Ишингер, врвен германски дипломат и директор на Минхенската безбедносна конференција, Торнстен Фрај, пратеник од владејачката коалиција ЦДУ-ЦСУ и член на комитетот за прашања од Европската унија и надворешни работи на Германија, Јоханес Хајндл, специјален пратеник за Македонија при Mинистерството за надворешни работи на Германија, Алојс Карл, германски пратеник и член на комитетот за прашања од Европска унија, Јосип Јуратовиќ пратеник и член на парламентарната група на Социјал – демократите (СПД), Кристијан Хелбах, специјален пратеник за Југоисточна Европа и Турција, Александар Радван, пратеник и член на комитетот за надворешни работи и комитетот за финансии, Алфонс Шнајдер, претседател на  извршниот одбор на Фондацијата на семејни бизниси во Германија, Тобиас Зех, пратеник и член на комитетот за труд и социјални прашања и економски корпорации и развој, Франке Бенедикт, оперативен шеф на Минхенската безбедносна конференција и други политички и бизнис претставници.

 

Според пратеникот Торнстен Фрај, од партијата ЦДУ на канцеларката Меркел, Германија има посебен фокус на земјите од западниот Балкан особено на Македонија која заслужува поддршка на својот пат во ЕУ и НАТО. Фрај вели дека Германија е свесна за своите потешкотии на евроатлантскиот пат и високо ја цени улогата на Македонија во надминување на бегалската криза минатата година. Земјата, вели Фрај, заслужува фер однос од ЕУ.
– Членството на Македонија во ЕУ е долг процес, но мора да биде апсолутно јасно дека Македонија заслужува многу фер договор на својот пат кон Европската унија. Изминатите години ЕУ не беше секогаш фер кон Македонија. Ние можеме да видиме, да препознаеме неколку моменти во кои земјата оди напред особено одлуката од минатата недела во декември да се одржат предвремени парламентарни избори и мора да забележиме дека ВМРО – ДПМНЕ и поранешната влада во Македонија спроведе неколку точки од дебатата во Македонија. Многу ми е драго и сум оптимист што ќе биде можно да се вратиме на дијалог базиран на политичка култура во Македонија и тоа е е многу важен момент да се дојде поблиску до Европската унија и влезот во неа, изјави Торнстен Фрај по работната средба.
На средбата се разговараше за прашања значајни за Македонија и за прашања значајни за односите помеѓу Македонија и Германија, изјави по состанокот лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски кој своите соговорнници ги информирал за развојот на настаните во Македонија и ги слушнал нивните размислувања за актуелните состојби.
– Беше исклучително значајно бидејќи се работи за група која што има доста информации, доста големо влијание и добро е да се информираат, но и да се држат за пријатели на Македонија. Имаше и членови на Парламентот и од едната и од другата политичка опција. Разговараме доста сериозно и доста прецизно со точни и прецизни информации за се она што е значајно, за да луѓето ја добијат реалната слика во Република Македонија вклучително и за сликата за проблемите. Луѓето кои доаѓаат на состанокот доаѓаат информирани, но по состанокот заминуваат уште поинформирани и ги знаат точно нашите залагања за понатаму и за тие залагања и тие наши планови и стратешки цели да има сериозна поддршка, вели Груевски.
Предходно, делегацијата на ВМРО – ДПМНЕ се сретна со Јурген Хард, одговорен за надворешна политика во владејачката коалиција ЦДУ/ЦСУ и за прашањата поврзани со НАТО.
– Водев добри разговори со делегацијата предводена од г. Никола Груевски. Зборувавме за многу теми, меѓу кои и за мигрантите каде Македонија одигра значајна улога за цела Европа, за што ние и понатаму тесно ќе соработуваме. Со задоволство слушнав дека деновиве е постигнат договор за одржување на избори на 11 декември, изјави Хард, кој го поздрави развојот на настаните во Македонија во контекст на закажаните избори.
 

Средби со германскиот министер за економија Герт Милер и шефот на ЕПП, Аксел Фишер
Груевски во вторникот ствари средба со федералниот министер за економија на Сојузна Република Германија од Владата на канцеларката Меркел, министерот Герт Милер. На средбата станало збор за натамошно искористување на потенцијалите на економски план меѓу двете држави при што било констатирано дека сегашното ниво на соработка дава потенцијал за дополнително интензивирање на економските односи.
Груевски на сојузниот министер му ги презентирал реформите и чекорите кои ги презема Македонија во насока на креирање поволна бизнис клима. Како резултат на овие мерки кои беа препознати како атрактивни десетина германски компании во последниве неколку години инвестираа во земјата. Досега германски капитал во Македонија беше инвестиран од компанијата Дрекслермаер, лоцирана во Кавадарци, Маркард сместена во Велес, Техникал Текстајл во Штип, Акомпласт во Прилеп, Герман електро мехатроникс, Костал и ОДВ лоцирани во Охрид, Кромберт и Шуберт во Битола и други.
Федералниот министер Милер посочи дека Германија ја поддржува економската соработка и заеднички ќе продолжи да се работи за нејзино дополнително развивање.
Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Груевски исто така оствари средба и со претседателот на Европската народна партија во Советот на Европа Аксел Фишер со кого разговараше за повеќе актуелни теми од областа на економијата, политичката криза во Македонија и темата со мигрантите.
– Имавме добра дискусија за работи околу Македонија, можностите да и се помогне и да се поддржи Македонија, да се има блиска соработка на економско и други полиња. Разговаравме и за изборите во Македонија и за важноста тие да бидат според европските стандарди. Морам да изразам благодарност на вашата земја за справувањето на границите во однос на проблемот со мигрантите, што е многу важно за цела Европа, изјави Фишер.

 

Јунг: Македонија има перспектива во ЕУ и НАТО
-Неминовно е Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО како што е неминовно Европската Унија и Германија да сторат се што можат за да се обезбеди европската граница со што ќе и се помогне и на Македонија во иднина да нема проблеми со илегалните мигранти, смета Франс Јозеф Јунг, пратеник во германскиот Бундестаг и поранешен федералан министер за одбрана кој во Берлин во вторникот се сретна со Груевски.
По средбата со делегацијата на ВМРО -ДПМНЕ  Јунг за МИА изјави дека ЕУ не може сама да ги обезбеди внатрешните граници затоа што на пример Грција и Италија не можат да се справат со овој проблем. За Јунг внатрешните граници на ЕУ можат да бидат отворени само доколку биде обезбедена надворешната граница на Унијата. Во врска со македонскиот пат до членството во ЕУ и НАТО Јунг смета дека се работи за важно прашање  за кое тој има решение.
– Ова прашање го сметам за многу важно, и во периодот кога бев министер за одбрана ја дадов мојата поддршка за спорот со името во однос на патот на државата кон евроатланските интеграции со тоа што сметав дека Грција треба да го одвои проблемот со името од интеграциите. Сметам дека со помош на меѓународните институции може да се дојде до решение на проблемот, со што тој би се надминал и Македонија ќе има  перспектива во НАТО и ЕУ, изјави Јунг.
– Разговараме доста сериозно и доста прецизно со точни и прецизни информации за се она што е значајно, за да луѓето ја добијат реалната слика во Република Македонија и онаа слика за проблемите. Луѓето кои доаѓаат на состанокот доаѓаат информирани, но по состанокот заминуваат уште поинформирани и ги знаат точно нашите залагања за понатаму и за тие залагања и тие наши планови и стратешки цели има сериозна поддршка, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Во Берлин Груевски се сретна и со со Ханс Петер Фридрих, одговорен за надворешна политика во пратеничката група на партијата на канцеларката Меркел, ЦДУ. За екс министерот за внатрешни работи на Германија многу  е важно да се задржи стабилноста на Европа, а балканската рута за бегалците да остане затворена.
– Македонија за ова прашање одигра важна улога и ние сме многу благодарни на земјата што ја затвори границата кон Грција со што оваа рута ја направи неатрактивна за илегалните мигранти. Во врска со иднината на Македонија во ЕУ и НАТО Македонија е кандидат без дилеми дека треба да стане член но во моментов во Европа имаме многу проблеми и дискусии за проширувањето и затоа прашањето за членство на Македонија во ЕУ и НАТО останува отворено.

 

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од  Груевски вчера оствари средба со федералниот министер за земјоделство и храна во сојузната влада на Меркел, Кристијан Шмит. Груевски и Шмит разговараа за можностите за соработка, зацврстување на односите и размена на искуства околу мерките и политиките од областа на земјоделието.
 
Груевски оствари средба и со државниот секретар од федералното министерство за финансии од Германија со кого разговараше за можностите за јакнење на економската соработка која бележи нагорен тренд во последните години. Над десетина компании од Германија се присутни во Република Македонија со потенцијал оваа бројка да расте и токму како резултат на овие работни места повеќе илјади граѓани обезбедуваат работа во повеќе градови во Македонија.  За претседателот на ВМРО ДПМНЕ посетата на Берлин ќе помогне да се изградат поцврсти релации со најмоќната членка на Европската Унија.

 
Груевски: Целта беше да се дадат што повеќе информации за состојбите во Македонија
– Изминативе денови имав средби со 15 политичари, дипломати, луѓе коишто имаат големо влијание во германскиот политички живот. Целта беше да се дадат што повеќе информации за состојбите во Македонија, за проблемите, начините на надминување и да се воспостават контакти  и трајни пријателства што долгорочно ќе бидат од важност за Република Македонија. Се обидовме да направиме поцврсти релации со луѓе коишто долгорочно можат да бидат од помош за Република Македонија. И да ги разјасниме сите случувања во Македонија коишто се случуваат во минатите година и пол, но да проговориме и за очекувањата и за нашите планови за понатаму, во смисла на развој на земјата, во смисла на европските и евроатлантските интеграции, процесот на развој на економијата и така натаму, изјави Груевски.
Додаде дека покрај политичките средби, имале средби и со луѓе кои што се на високи позиции во бизнис секторот на кои разговарале за економските достигнувања и за добрите можности за правење бизнис и за инвестирање во Македонија.
– Се на се, беше одлична можност за разговор со многу луѓе и нивно запознавање со приликите во Македонија и за градење пријателства кои долгорочно ќе бидат од корист за Македонија, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
 
На средбата со вицеканцеларката на Баварија Илсе Ајгнер делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ доби благодарност од граѓаните на Баварија.  Ајгнер порача дека и покрај тоа што не е членка на ЕУ, Македонија е почитуван партнер особено поради конструктивноста при надминување на бегалската криза минатата година.
– Ние сме навистина благодарни на македонските луѓе за безбедноста на границата и и посакуваме се најдобро на Македонија, изјави Ајгнер по средбата со Никола Груевски.При посетата Груевски  оствари средби со Андреас Шојер, генерален секретар на Христијанско Социјална Унија (ЦСУ), сестринска партија на Христи

Пронајдете не на следниве мрежи: