Италијанскиот весник „Ла Република“ објави дека со приватниот авион, што се урна вчера попладне кај велешко Кожле, управувал пилотот Франческо Монтањер, претседател на аматерскиот спортски аероклуб „Тревизо“. Со него биле и потпретседателот на клубот Дарио Бастасин, како и Лука Дале Муле, Ангело Калегари и Иларија Бертио и Висар Бегај од Косово, кои имале и италијанско државјанство.Како што пишува весникот, настраданите живееле во Треивизо, Падова и Удине. Групата планирала да патува во Приштина поради бизнис, како и за активности поврзани со аероклубот „Тревизо“. Тие во Приштина требало да присуствуваат и на инаугурација на тамошен аероклуб.
Урнатиот авионот бил со германски национални ознаки, од типот „Пајпер Па 34-200 Т Сенека“. Полетал од Тревизо, Италија, а крајната дестинација му била Приштина. Над Македонија требало да изврши прелет и бил пријавен на аеродромот „Александар Велики“-Скопје за дополнување гориво.
Исчезнувањето на авионот од радарот вчера попладне во 17.40 часот во МВР го пријавила Контролата на летање на скопскиот аеродром.
За настанот е информиран Јавен обвинител и Комитетот за истражување авионски несреќи.Како што пишува весникот, настраданите живееле во Треивизо, Падова и Удине. Групата планирала да патува во Приштина поради бизнис, како и за активн