За академската 2016/2017 година Министерството за образование и наука ќе додели 20 целосни стипендии за додипломски и постдипломски студии за изучување на старотурски јазик на некои од светските универзитети. Конкурсот е веќе распишан и заинтересираните кандидати ќе може да аплицираат до 30 септември.Заменик министерот за образование Спиро Ристовски денеска упати апел до сите заинтересирани да внимаваат на крајниот рок и да ја искористат оваа ретка можност што им ја нуди државата и притоа да добијат бесплатно студирање и брзо вработување.
-Се работи за конкурс кој го објавуваме веже трета година по ред, а чија цел е да се стимулира и создаде кадар кој е од исклучителна важност за државата, заради превод, толкување, анализа и обработка на голем на голем број стари документи, ретки ракописи и метеријали кои ги има во македонските, но и странските достапни архиви, во библиотеките, како и имотните книги, а се напишани на старотурски јазик, рече Ристовски.
Студените кои ќе го изучуваат старотурскиот јазик покрај тоа што ќе добијат целосна стипендија, ќе имаат и загарантирано вработување во некоја од институциите каде е потребно познавање на старотурски јазик како на пример Државниот архив, Институтот за национална историја, МАНУ.
Досега преку МОН биле доделени вкупно 9 стипендии, од кои 4 за додипломски и 5 за постдипломски , од кои најголем дел студираат во Софија, Бугарија и БиХ.
Ристовски информираше дека студентите за да ја обезбедат стипендијата од МОН за академската 2016/2017 година е потребно да бидат запишани на некој од факултетите каде што има студии за изучување на старотурски јазик и да приложат потврда до министерство.Заменик министерот за образование Спиро Ристовски денеска упати апел до сите заинтересирани да внимаваат на крајниот рок и да ја искористат оваа ре