Барале за неа 6,500 евра: Четворица уапсени додека се обидувале да продадат двемесечно бебе!

Четворица бугарски државјани беа уапсени во Атина под сомнение дека се обиделе да продадат едно бебе. Уапсените биле две жени на возраст од 40 и 54, и двајца мажи на 38 и 39 години.Грчката полиција трага по уште една триесетиедно-годишна Бугарка, која е осомничена дека е соучесник, пишува денеска бугарскиот печат.
Четириесетгодишната Бугарка осомничена дека украла двомесечно бебе, кое го чувала додека мајката на бебето “вадела” документи во Конзулатот на Бугарија во Солун.
Бебиситерката планирала да го продаде бебето за 6.500 евра.

Неколку дена подоцна, 54-годишната и нејзината 31-годишна сонародничка отишле кај нотар, пред кого младата жена се претставила како мајка на бебето, а постарата како жена која сака да го усвои.
Двајцата уапсени мажи, заканувачки, барале од родителите на бебето да не го пријавуваат случајот во полиција.
Грчката полиција, по расчистување на случајот, ќе го врати  бебето на биолошките родители.Грчката полиција трага по уште една триесетиедно-годишна Бугарка, која е осомничена дека е соучесник, пишува денеска бугарскиот печат.
Чети

Пронајдете не на следниве мрежи: