Мајка Тереза целиот свој живот го посвети на помагање на многу од најсиромашните и гладните луѓе и помагање на најтешко болните, вклучувајќи ги и оние болни од најтешки заразни болести. Луѓе кои најчесто мнозинството ги одбегнувало, заборавало и предвреме отпишувало. Луѓе кои или заради огромната сиромаштијата или заради тешката болест или честопати и двете останувале сами и без ничија помош, во тешки маки и болки заради болеста и во агонија заради гладта. Со целосно загубена надеж.Ова го напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на својот Фејсбук профил испраќајќи иницијатива за меѓународен орден за заслуги за Мајка Тереза, во чест на нејзиното животно дело.
„Мајка Тереза беше посебно посветена и на децата без родители, па така покрај стационарот каде им помагаше на тешко болните и сиромашни луѓе, основаше и дом за деца без родители и заедно со сестрите се грижеа за нив, ги хранеа, лечеа и помагаа. Им ја враќаа надежта овозможувајќи им пред се љубов, топлина, помош и грижа.
Таа целиот свој живот испраќаше пораки за мир и љубов, за верба во Бог, добрина, помагање еден на друг без предумисла или било каква калкулација дали од тоа ќе се има некаков матерјален, кариерен или било каков конкретен бенефит.
Личност која одлучи да го жртвува целиот свој живот, да се откаже од имање семесјтво, сопруг, свои деца, кариера, комодитет и се друго што го имаат, тежнеат да го имаат или посакуваат луѓето низ Светот.
Тоа е за почит. За многу голема почит. Таа не беше светол пример само според она што го говореше, таа беше светол и уникатен пример со начинот на кој живееше и делуваше и со личната жртва што ја даваше цел свој живот.
Живееше во скромни и тешки услови, со болните, лепрозните, сиромашните, напуштените, заборавените, отфрлените, отпишаните…
Живееше со единствена цел ним да им помогне, без никаква умисла или калкулација или желба тоа некако да го материјализира.
Помагаше и со молитва и со конкретни дела. Нејзиниот уникатен живот го привлече вниманието на целиот свет, колку и истата да не сакаше да привлекува внимание со својата скромност и повлеченост. Стана легенда уште додека беше жива. Стана синоним на хуманоста, филантропијата, жртвата за најтешко болните и најсиромашните меѓу сиромашните. Нобеловата награда за мир во 1979 година беше логична последица на нејзините активности и нешто што го заслужи со личен пример и лична жртва низ целиот живот, без пауза. Но таа награда верувам беше и поттик и повик човештвото да се угледа на нејзиниот пример и жртва. Повик да бидеме похумани, почовечни, подобри.
При мојата посета на нејзиниот дом и гроб во Калкута, низ разговорите со сестрите се запознав со многу повеќе детали од нејзиниот и нивниот заеднички живот.
Низ многуте средби како Премиер лично се уверив во огромната почит која истата ја има насекаде низ светот, во земји со различни култури, религии и нации, различен социјален статус, од најобични луѓе до врвни личности во политиката, бизнисот, науката и верски водачи и нивни следбеници од различни религии. Кога помагаше, Мајка Тереза не прашуваше ниту за вера, ниту за етничка припадност, ниту за социјален статус. Помагаше на сите на кои им требаше помош. Низ годините, восхитени од нејзината лична жртва илјадници поимотни луѓе почнаа да го помагаат и финасираат нејзиното дело и активности, длабоко верувајки во неа. Целата таа помош таа ја користеше во нејзината единствена цел и мисија: да им помогне на најсиромашните меѓу сиромашните и на најтешко болните напуштени од сите.
Мајка Тереза е родена и порасната во Скопје и е убедливо и неспоредливо најпозната личност од Скопје и од Република Македонија во целиот свет. Но, таа е личност која оддамна припаѓа на целиот свет и на човештвото воопшто, и низ целата планета има милиони свои следбеници, почитувачи и луѓе кои највисоко ја вреднуваат нејзината активност, живот и дела. Денес кога Ватикан ја прогласува за светица, е посебен ден, историски ден, неповторлив ден, ден кој се очекуваше, барем меѓу оние кои се запознале со нејзиниот живот, активности и дела. Нејзината главна водилка низ животот е вербата во Бога, комуникацијата со Бог преку молитва и неверојатната енергичност, оптимизам и моќ за враќање на надежа кај оние кои со причина во целост ја загубиле. Мајка Тереза остави зад себе и многу напишани пораки и мисли, кои се универзални и безвременски. Дел од нив веќе неколку години може да се прочитаат на посебни табли поставени на објектите низ различни делови во центарот на Скопје.
Од овие причини, токму на овој историски ден, по разговори со повеќе пријатели и соработници, одлучив да покренам една иницијатива за воспоставување со закон меѓународен орден за заслуги “Мајка Тереза” кој би се давал на истакнати жени од светот со особени и вонредни достигнувања во различни области особено во областите како филантропијата, хуманизмот, помагањето на многу болни и многу сиромашни луѓе со лична жртва или ризик, остварени различни видови достигнувања со различни активности за мир, хуманост итн.
Замислата е орденот за заслуга да се воспостави со точен ред и прецизни критериуми со единствен домашен и меѓународен борд во кој задолжително би учествувал секој министер за надворешни работи од Македонија, но во бордот би биле, покрај него и други личности од Македонија, а би имало и истакнати високо авторитетни личности од различни држави и области во светот.
Би се воспоставил прецизен ред по принципот како тоа што е направено во земји со долга традиција од ваков вид, на пример Франција или Англија.
Самиот чин на давањето и врачувањето на орденот за заслуга би бил афирмација на делото и животот на Мајка Тереза, но и афирмација на Македонија. Се разбира би било и огромна чест за оној кој ќе ја прими и кој ја заслужил“, напиша Груевски.Ова го напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на својот Фејсбук профил испраќајќи иницијатива за меѓународен орден за заслуги за Мајка