Македонска државна и црковна делегација, предводена од претседателот Ѓорге Иванов, денеска ќе присуствува на церемонијата на канонизација на Блажена Мајка Тереза во Ватикан.Во состав на македонската делегација, покрај претседателот Иванов, се и премиерот Емил Димитриев, министрите за надворешни работи и за култура, Никола Попоски и Елизабета Канческа Милевска, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, претставници на Католичката црква во Република Македонија и на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како и претставник на фамилијата на Мајка Тереза.
Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск на церемонијата, која ќе се одржи на плоштадот „Св. Петар“, ќе ја прогласи Мајка Тереза за Светица.
Посебно место на свеченоста, јави дописникот на МИА, ќе имаат Република Македонија, заедно со Република Албанија и Република Индија, како земји на нејзиното раѓање, потекло и мисија.
На канонизацијата на Мајка Тереза се очекува присуство на многубројни верници и високи гости од целиот свет. Најавено е присуство на 13 шефови на држави или влади. Распределени се 100.000 билети за следење на церемонијата на плоштадот „Свети Петар“, а се очекуваат уште неколку илјади во делот околу Ватикан.
Во градот има засилени безбедносни мерки, а небото над Ватикан денеска ќе биде зона забранета за летање.
Акредитирани се 600 новинари од целиот свет, а настанот ќе го следат 125 телевизики куќи. Радио Ватикан ќе пренесува во живо на шест јазици. Директно ќе се пренесува преку веб сајтот на телевизискиот сервис и Јутјуб платформата на Ватикан.
Во организација на Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје и Министерството за култура вечер во црквата „Свети Станислав“ во Рим свечено ќе се отвори изложбата на фотографии и текстови поврзани со животот и делото на Мајка Тереза „Madre Teresa – Santa di Skopje, Santa del mondo“, на која ќе присуствува и претседателот Иванов.
Утре на плоштадот Свети Петар ќе биде одржана утринска миса во чест на Мајка Тереза, што ќе ја води државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин.
Инаку, Мајка Тереза беше добитник на Нобелова награда за мир, а нејзиниот чудотворен карактер беше признаен од Римокатоличката црква.
По каноните на Римокатоличката црква, светец, односно светица се станува откако ќе се утврди дека личноста направила најмалку две чуда. Церемонијата на нејзината беатификација за блажена, што беше чекор кон прогласување за светица, се одржа во 2003 година, шест години по нејзиното упокојување, откако Папата Јован Павле Втори го призна нејзиното прво чудо, излекување на Индијката Моника Бесра во 1998 година со наод тумор во стомакот. Пет години подоцна, Папата Францис го призна второто чудо на Мајка Тереза поврзано со нејзината моќ за исцелување, необјасниво лекување на маж од Бразил од неколку мозочни тумори во 2008 година, додека тој бил во кома.
Според Католичката црква нејзината светост е во тоа што во дело ги спроведувала зборовите божји и што се посвети на најзагрозените групи во општеството.
На церемонијата на беатификација на Мајка Тереза, одржана на плоштадот „Свети Петар“ во Рим, присуствуваа над 300 илјади верници. Со свечената служба раководеше тогашниот поглавар на Римокатоличката црква, Папата Јован Павле Втори, додека на церемонијата присуствуваше и многубројна македонска делегација, предводена од претседателот Борис Трајковски. Во состав на македонската делегација, покрај претседателот Иванов, се и премиерот Емил Димитриев, министрите за надворешни работи и за култура, Ник