Маса е турист од Јапонија, обожува да шета и да запознава нешто ново. За крајот на летото како дестинација го одбрал Балканот. Македонија е неговата прва дестинација. Два дена е во Скопје. Она што најмногу се воодушевил за градот е дека Мајка Тереза е родена во Скопје, објави Канал 5.„Интересен е градот има многу споменици. Најсреќен сум што сум во на местото каде е родена Мајка Тереза. Можам да кажам дека посетата во оваа спомен куќа ми дојде како мир во целата моја авантура“ – вели Маса.
Тој е еден од многуте туристи што овие денови се запознаваат со животот на Мајка Тереза. Од спомен куќата на блажената Мајка Тереза велат дека два дена пред нејзиното прогласување за светица, туристи и новинарски екипи од цел свет доаѓаат да слушнат за нејзиниот живот.
По повод нејзиното прогласување за светица во недела, тука католичката црква ќе има служба. Во Скопје многу места го носат името на скопјанката, клиничкиот центар, булевари, мостови. Името е да нѐ поврзе сите нас и да сме горди што сме во градот каде е родена блажената Мајка Тереза.
Во Рим во сестринството со посебна чест го чекаат денот на канонизацијата. Посебно е подготвена куќата каде отседнувала Мајка Тереза. Сестринството со завршени подготовки, собата каде престојувала Мајка Тереза е целосно зачувана. Книгите, предметите говорат за нејзината едноставност, добрина. Сестрите што говореле со неа, велат дека секој збор од Мајка Тереза е училиште за секој човек.
„Ја гледав Мајка Тереза како нормална, едноставна, но посебна личност кога прв пат ја видов, но таква беше и подоцна. Но Мајка Тереза беше личност со верба, личност на молитвата. Сега таа се спои со Господ“.
Во недела на плоштадот Свети Марко ќе се прогласи Мајка Тереза за светица. Мајка Тереза е родена во Скопје на 26 август 1910 година под името Гонџа Агнес Бојаџиу, почина на 5 септември.„Интересен е градот има многу споменици. Најсреќен сум што сум во на местото каде е родена Мајка Тереза. Можам да кажам дека посетата во оваа