Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска во вилата Билјана во Охрид го прими Драган Човиќ, член на Претседателството на Босна и Херцеговина, кој престојува во работна посета на Република Македонија.Двајцата соговорници, како што соопшти Кабинетот на македонскиот претседател, ја констатирале добрата билатерална соработка меѓу двете земји, без отворени прашања и изразиле заемен интерес за нејзино јакнење и продлабочување во сите сфери од заеднички интерес.
Претседателот Иванов упатил покана за официјална посета на трите члена на претседателството на БиХ, за време на која би се одржал бизнис форум со цел интензивирање на економската соработка и зголемување на трговската размена.
Соговорниците оцениле дека економската соработка не го следи нивото на политичките односи меѓу двете земји, ниту пак соодветствува со реалните можности и капацитети.
На средбата, претседателот Иванов се заблагодарил за дадената помош од Босна и Херцеговина по поплавите во скопскиот регион.
На средбата разменети се мислења за состојбите во регионот во контекст на актуелните предизвици и неговите евроатлантски перспективи.
Членот на претседателството на БиХ го запознал македонскиот претседател со актуелните политичко-економски состојби во БиХ и со клучните предизвици на државата во наредниот период.
Претседателот Иванов го реафирмирал интересот на Република Македонија за севкупно продлабочување на односите и соработката со БиХ и ја нагласил поддршката за евроатлантските интегративни процеси и подготвеноста за соработка меѓу двете земји на тој план.
-Во поглед на состојбите во регионот, двајцата соговорници изразија загриженост од одредени ретроградни процеси, кои во актуелниот момент, кога Европа и регионот се соочуваат со сериозни безбедносни предизвици, можат дополнително да ги влошат состојбите и односите во регионот, информира Кабинетот на претседателот Иванов.
Заемен бил заклучокот дека е неопходно низ дијалог и забрзана интеграција, како и со фокусираност на крупни инфраструктурни поврзувања, да се дојде до политичка, економска и безбедносна консолидација во регионот на југоисточна Европа.
На средбата е разгледана и можноста за дополнително интензивирање на соработката на регионален и на мултилатерален план.Двајцата соговорници, како што соопшти Кабинетот на македонскиот претседател, ја констатирале добрата билатерална соработка меѓу двете земји, без о