Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на социјалната мрежа Фејсбук објави дека денес започнува инвестицијата на Сардич МЦ за изградба на рударскиот комплекс Казандол за производство на катоден со која ќе се обезбедат нови 250 работни места.во продолжение интегрален текст од објавата на Груевски:
Добра вест за Валандово и регионот. Денес започнува инвестицијата на Сардич МЦ за изградба на рударскиот комплекс Казандол за производство на катоден бакар, инвестиција која е од исклучително важност за целиот регион на Валандово и соседните општини и особено важна за целиот рударски сектор во државата. На оваа инвестиција се работеше подолг период. Првите мои контакти со инвеститорот беа уште во 2013-та година. Повеќегодишните разговори, како и најмалку двегодишните детални истражувања на теренот, надополнети со посветена работа и ангажман на тимот за инвестиции и локалната самоправа резултираше со отпочнување на инвестицијата во вредност од 35 милиони евра која ќе значи нови 250 работни места. Дополнително ова ќе обезбеди работа и за повеќе домашни компании од градежниот сектор во вредност од 15 милиони евра и ангажирање на дополнителни 150 градежни работници кои ќе работат на пропратната инфраструктура потребна за рудникот. Инвеститорот е заинтересиран и за дополнтелни истражувања за два нови капацитети каде истражувањата се во тек и се со планови за инвестиции за експлатација на руда и за овие две концесии.
Она што е од особена важност е што се работи за развојна инвестиција од која ќе обезбедат сигурна егзистенција многу семејства. Отворањето на на нови работни места што ќе значат нова можност за луѓето, закрепнување и подигнување на нивниот стандард преставува наша првенствена цел. Потврда за нашата рбота е намалување на невработеноста, а кога станува збор за Валандово споредено сега 2016-та и 2006-та година таа е преполовена. Ако во 2006-та таа беше 3028 невработени, сега во Општината Валандово таа е за половина помалку односно 1021 невработени. И како што говорат фактите ние не се откажуваме и работиме на дополнитело нејзино смалување. Кога голем дел од нашите конкуренти се фокусирани на создавање на амбиент на несигурност и криза, нашиот главен и првенствен фокус останува економијата, каде досега имаме направено многу, но заедно со граѓаните ќе постигнеме уште повеќе. Се трудиме да решиме што е можно повеќе проблеми и да го реализираме ветеното, затоа што нашата обврска се граѓаните и нивните потреби. Нека е со среќа новата инвестиција.
во продолжение интегрален текст од објавата на Груевски:
Добра вест за Валандово и регионот. Денес започнува инвестицијата на Сардич МЦ за