Уште во почетокот на 2014 година Владата донесе одлука за усвојување на долгорочниот план за развој на одбраната 2014/2020 година. По превземањето на функцијата министер за одбрана, направив план како да се реализира оваа програма. Паралелно во септември месец беа формирани 12 интегрирани проектни тимови кои имаа задача да направат анализа за тоа со што располага АРМ, што се произведува во светот, кои се потребите и да ги дефинира спецификациите на средствата кои треба да се набават, истакна министерот за одбрана Зоран Јолевски кој гостуваше во вестите на Сител.Објаснувајќи ја целата процедура, тој посочи дека во овие тимови имало над 120 експерти кои во период од 10 до 12 месеци ги подготвувале извештаите за набавка на опремата.
-Дел од опремата која може да се користи уште најмалку 7 до 10 години се реновира. Ремонт правиме на хелокоптерите, првите два хеликоптери на почетокот на оваа година беа испратени на ремонт и очекуваме да дојдат во октомври ноември година. Но, за дел од опремата како што се оклопни возила, радари и други средства се дефинирани во овие 12 тимови и започнат е процесот на аквизиција, истакна Јолевски.
Министерот додаде дека кога е започнато со овој процес поставени биле две главни цели.
-Прво, заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија бидејќи тоа е основната мисија на Армијата и втората цел е да ги исполниме партнерските цели. Република Македонија во текот на преговорите за членство во НАТО има преземено одреден број на партнерски цели во поглед на опремувањето на АРМ и внимававме целата опрема што ја набавуваме да биде согласно нашите партнерски цели и набавена од производители земји членки или партнери на НАТО, објасни Јолевски.
Тој додаде дека инвестирањето во одбранбениот сектор во последните неколку годии е зголемено насекаде во светот, посебно во Европа.
-Еден од главните заклучоци на претпоследниот Самит на НАТО беше дека земјите членки на НАТО треба да издвојуваат 2% од БДП за одбрана, од кои 20 проценти ќе бидат за модернизација на нивните армии, потенцираше министерот за одбрана.
Јолевски нагласи и дека во текот на модернизацијата на Армијата особено внимание се посветува и на обука на припадниците на АРМ во употреба на овие средства, но и на техничките лица за одржување на овие средства. Дополнително продолжува и вложувањето во човечките ресурси во АРМ.
Целото интервју погледнете го во видеото во продолжениеОбјаснувајќи ја целата процедура, тој посочи дека во овие тимови имало над 120 експерти кои во период од 10 до 12 месеци ги подготвувале извештаите